За чистото срце

Суштината на делата не е во постапките, зборовите, дејствијата, а во тоа, со што е наполнето твоето срце. Добрата постапка не е онаа, која што е навидум добра, а која што излегува од полнотата на срцето што љуби;

Исто така и злите зборови и дела се изливи од срцето исполнето со зла сила. Да се биде добар – тоа не значи да се насоберат добри постапки, а да се насобере топлината на благодатта во своето срце, и пред сè – со очистување и молитва. Како да не настинеш во студ? – Биди внатрешно топол. Како да не оладиш во светот? – Обложи го твоето срце со топлнината од благодатта на Светиот Дух.
„… Вие треба да се чувате во чистота и светлина, за Вашата светлина да свети на другите. А за да тоа, треба да ја љубите светлината, да не ја изневерувате: верувајте во Светлината, за да бидете деца на Светлината (сп. Јн. 12, 36). – А практично? – Да се бара таа Светлина во себе и во другите, да се поддржува, да се обработува во себеси и другите секоја искра на добрина и светлина, да се радуваме на светлината, да не веруваме во темнината, лагата, затворајќи ги очите пред нив, затоа што тие се – привиденија, и се зголемуваат од зголеменото внимание врз нив…“

Свештеник Александар Ељчанинов