Свети Варвар Мироточив, бивш разбојник, на островот Крв (15/28 мај, IX в)

За време на императорот иконоборец Михаил II (820-829) живеел и бил убиен св. Варвар, чии свети мошти до сега се извор на благомирисно миро. Место на неговите подвизи била областа Акарнанија, на Јонското крајбрежје на Западна Грција. По потекло бил од некој град Барбан во Северна Африка, по жестокиот карактер и род, тој бил „варвар“, по религија – муслиманин, припаѓајќи на „најнечестивиот и најжесток народ, кој произлегол од Агара“.

Варвар бил војник во муслиманска армија и во 828 година зел учество во походот кон Никопол Епирски. Сепак, жителите на Драгамест и Амбракија се обединиле против арапите. Гледајќи ја надмоќната сила на противникот, арабите ја тргнале својата опсада од Амбракија и се пуштиле во напад на Драгамест. И покрај помошта на амбракијанците, Драгамест бил во голема опасност, и само обраќањето кон иконата на Богородица во жарот на битката, им помогнало да извојуваат победа: муслиманите претрпеле страшен пораз, бегалците ги следеле до крајбрежјето каде што потонале во морето. Еден од малкумината преживеани бил Варвар, кој успеал да ѝ побегне на смртта, криејќи се во едно лозје. Кога престанал да се крие, тој се пуштил во разбојништво. Преместувајќи се од место во место, Варвар ограбувал и убивал сами патници-христијани, тероризирајќи ја целата околина. Додека бил во етолиските предели, Варвар влегол во еден од храмовите – црква на свети Георгиј, сакајќи да го убие свештеникот.

Течела литургијата. Служел свештеник, по име Јован, родум од Никопол. Варвар чекал да заврши службата, за без сведоци да го направи она што го намислил. Наеднаш, неочекувано тој видел ангели, кои во сето величие на својата слава му сослужувале на свештеникот, кого тој сакал да го убие. Во зачуденост и страв, муслиманинот паднал на колена, и дочекувајќи го крајот на службата, принесол покајание и побарал да го удостојат со Тајната Крштение. Отец Јован ја исполнил неговата желба и го поучил во христијанската вера.

Станувајќи христијанин, светителот се оддалечил во горите и поминал во осаменост три години како строг отшелник, предавајќи се на пост и молитва и избегнувајќи комуникација со месните жители. Како епитимија за своите гревови, Варвар ставил пранги на вратот, рацете и нозете. „На тој начин, тој живееше во планините во подвизи на покајание, хранејќи се со растенија, трпејќи студ и жега среде секакви опасности, одејќи или ползејќи како животно“.

Еднаш, доцна навечер, никополските ловци, кои отишле на ноќен лов, по грешка, помислиле дека е животно, светителот кој се пробивал во високата трева на четири нозе, и го застрелале со стрелата. Светителот сосема мирно и спокојно го сретнал неговиот крај. Тој им простил на своите неочекувани убијци, кои ја оплакувале својата грешка.

Подоцна, неговиот духовен отец го познал светиот Варвар, неговите мошти биле пренесени во храмот и после некое време, тие станале извор на благомирисно миро, од кое се случувале многубројни исцеленија.

Житието на светителот е познато од делото на Константин Акрополит „Слово за свети Варвар“. Овој труд бил составен како благодарност за тоа, што малечката ќерка на авторот била исцелена од тешка болест преку помазување со мирото од свети Варвар.

Извор: drevo-info.ru