Велика Среда – Света Литургија на Претходноосветени Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола

На 08.04.2026 г., во Средата од Страсната седмица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи-ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Литургија на Претходноосветените Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

По завршувањето на Божествената Литургија, беше отслужена Светата Тајна Елеосвештение.