На 28.08.2025 г., кога го празнуваме Успението на Мајката Божја, Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на игуменот Спиридон (Поповски), протоѓаконот Константин Сековски и јероѓаконот Игнатиј (Костовски), отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Јанковец.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.


