На 31.05.2025 година, кога Црквата го прославува споменот на светиот маченик Теодор Анкирски, во Археолошкиот локалитет „Стоби“ се отслужи Света Божествена Литургија, по повод 1700-годишнината од одржувањето на Првиот вселенски собор. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј.