Свети Константин и Елена – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 03.06.2025 г., кога го празнуваме споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј ставрофорите Никола Грамбозов,  Златко Костовски, протоереите Оливер Ивновски, Гроздан Богевски, ерејот Лазо Лазарески, протоѓаконите Драган Ѓеоергиевски и Златко Крстевски,  отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Константин и Елена“ (Влашка Црква), во Битола.

На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин протоѓакон го ракороизведен ѓаконот Златко Костовски, а во ипоѓакони беа ракопроизведени чтеците Пеце Дојчиновски и Александар Тодоровски.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.