Свети апостоли Петар и Павле – Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола

На 12.07.2025 г., кога го празнуваме споменот на Светите Апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи-ставрофорите Никола Грамбозов, Јован Милановиќ, Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоерејот Рубин Бојчевски, протоѓаконот Драган Ѓеорѓиевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.