Шеста недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Недела“, во Битола

На 20.07.2025 г., во Шестата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата Великомаченичка Киријакија (Недела), Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на  протоерејот ставрофор Златко Костовски, протоереите Николче Неделковски, Љупчо Атанасов, протоѓаконот Златко Костовски и Михаил Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Великомаченица Недела, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.