Седма недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети апостол Павле“, при спомен храмот „Собор на сите Македонски Светители“, во Битола

На 27.07.2025 год. во Седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот апостол Акила, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Димитар Михајловски и протоѓаконот Златко Крстевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот  „Свети апостол Павле,, при спомен храмот „Собор на сите Македонски Светители“, во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.