Против тробоштво: Од Отецот преку Синот во Светиот Дух – преку едната и заедничка енергија на троичниот Бог

Согласно догматиката на Православната Црква, за да ја изразиме посебноста на делото на секое од Лицата на Света Троица, велиме:

а) Отецот дејствува преку едната и заедничка енергија на Света Троица, Синот дејствува преку едната и заедничка енергија на Света Троица, Светиот Дух дејствува преку едната и заедничка енергија на Света Троица, бидејќи еден е Бог, кој создава и дејствува во сè: од Отецот преку Синот во Светиот Дух, преку едната и заедничка енергија на Света Троица.

б) Не го употребуваме терминот „соработка“ или „содејство“ (συνέργεια), како што често се прави, зашто тоа може да одведе до погрешно сфаќање, што води кон учење за тробоштво и поделба на Бога.

Доц. д-р Борче Грамбозов
Професор по Догматика
ПБФ, УКИМ