На 02.08.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светиот пророк Илија и споменот на Светите Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Трајко Босеовски, протоерејот Борис Тошевски, ерејот Ѓорѓи Делев и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, во Трново.
На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да ги ракопроизведе чедата Божји: Тома Делев, Васко Стерјовски, Кире Ѓуровски и Филип Петровски .
После Литургијата, беше отслужена Панихида за сите паднати борци и бранители на Татковината.