На 31.08.2025 г., во Дванаесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобниот Јован Рилски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерј ставрофорот Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Василиева Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.





