Дваесет и прва недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик

На 02.11.2024 г, во Дваесет и првата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот верликомаченик Артемиј и преподобниот Гересим Кефалониски, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослушение на протоерејот Благој Стефановски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Архангел Гаврил“, во Довлеџик.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.