На 30.11.2025 г., во Дваесет и петтата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј ставрофорот Влатко Ристески, протоереите Роберт Илиески, Темелко Блажески и протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Преображение“, во Прилеп.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









