Духовден – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Великомаченица Недела“ – Битола

На 08.06.2025 г., празнувајќи ја Светата Педесетница – слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Николче Неделковски, Љупчо Атанасов и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Великомаченица Недела, во Битола.

Веднаш после Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар ја отслужи вечерната Богослужба со читање на молитвите за призив на Светиот Дух.