Обраќањето на расколниците и сектантите им беше препуштено на мисионерите. Тие ги „обраќаа“ на следниот начин: доаѓаше мисионер во село, ги собираше со помош на полицијата своите противници на разговор и организираше јавен спор за верата. Надминувајќи ги своите соговорници со својата образованост, снаодливост, мисионерот се стремеше да ги стави противниците во смешна положба, да ги понижи, исмее, но тоа не ги помируваше со Православната Црква и не ги убедуваше во нивната неправилност, туку само ги надразнуваше, ги ожесточуваше.
Јас пак избрав поинаков пат. Двапати неделно јас ги канев моите сектанти на чај, и седејќи со нив на трпеза, на која чадеше самоварот, водев едноставен топол разговор. И моите разговори не останаа бесплодни. Еден од нив, мојот сосед Андреј, наскоро си замина од штундистите и ми рече: „Отец, јас станав православен – веќе пијам и пушам“. Јас, секако му објаснив дека православието не се состои во тутунот и водката, туку во правилното исповедање на верата“. Друг, Прохор, ми стана другар.
Протоереј Георгиј Шавелски
В школе и на службе – 2016, с. 101.