Стекнувајте смирено срце

Нашата волја да Му угодиме на Господ ни дава понизно срце. Какви и да се околностите во кои што се наоѓаме, Бог ни ja дава можностa да ја стекнеме слободата, која се здобива преку смирението. Која и да е нашата работа, која и да е задачата поставена пред нас, сè е можност да благодариме на Бога. Со каква тешкотија и проблем да се соочуваме, ако се соочиме со нив преку вера во нашето срце и желба да му угодиме на Бога, како наш одговор на проблемите, тогаш тоа донесува смирено срце. Кога смирено и со благодарно срце ќе прифатиме сè што Бог допуштил да ни се случи, тогаш смирение ќе нè следи. А смиреното срце ја отвора вратата до внатрешниот мир.

Игумен Трифун, од манастирот

Семилостив Спасител (All Merciful Savior)

Превод: Дамјан Божиновски