Воскресение Христово – Архиерејска Пасхална Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола

На 12.04.2026 г., во Светлата ноќ на Воскресението Христово, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи-ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.