Недела на Свети Јован Лествичник – Света Архиерејска Литургија во храмот на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, во Битола

На 22.03.2026 г., во Четвртата Недела од Великиот Пост (Недела на Свети Јован Лествичник), кога го празнуваме споменот на Светите Четириесет Севастиски Маченици и споменот на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Љупчо Атанасов, Горан Петковски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Михаил Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на нивниот спомен, на Кркардаш, во Битола.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.