На 09.06.2025 г., на Втор ден Духовден, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, протоерејот Крсте Тасески и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Троица“, во Буковски Ливади.
На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да го ракопроизведе чедото Божјо Флорин Георгиевски.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.