Света Параскева (Петка) Римјанка – Света Архиерејска Литургија и Панихида за загинатите бранители во Прилеп

На 08.08.2025 г, кога го празнуваме споменот на Светата маченичка Параскева (Петка) Римјанка, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Трајко Босеовски, игуменот Мојсеј (Тодоровски), протоерејот Љупче Петрески, ерејот Јове Треневски, протоѓаконот Драган Георгиевски и ѓаконот Младен Јовчевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Петка“, во населбата Точила, Прилеп.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.