Рождество на Пресвета Богородица – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 21.09.2025 г., кога го празнувавме раѓањето на Мајката Божја, Пресветата Богородица, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоерејот Николче Неделковски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да го ракопроизведе дипломираниот теолог Дарко Мартиновски.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.