Преображение Господово – Света Архиерејска Литургија во Зрзе

На 19.08.2025 г., кога го празнуваме Преобразувањето на Спасителот наш Господ Исус Христос на гората Тавор, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на  Неговото Високопреосвештенство, Митрополититот Преспанско-пелагониски г. Петар, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, Неговото Преосвештенство, свештено-игуменот на манастирот, Епископот Хераклејски г. Климент, Неговото Преосвештенство, Епископот Велички г. Никола, архимандритот Агатон (Апостоловски), протоереи ставрофорите Никола Грамбозов, Трајко Босеовски, игуменот Мојсеј (Тодоровски),  протоерејот Методија Митановски, јеромонахот Јов, протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски, Драган Иванов и јероѓаконот Никита, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот посветен на „Преображението Господово“ во село Зрзе, Прилеп.

На Светата Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, а по завршувањето на Литургијата беше осветен новиот лозов плод.