Осма недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Битола

На 03.08.2025 година, во Осмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот пророк Езекил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи-ставрофорите Никола Грамбозов, Трајко Босеовски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.