НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ И ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОМЕН ЗА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ

На 25.05.2025 година во Шестата недела по Пасха – Неделата на Слепиот, и на празникот на св. Епифаниј Кипарски и на св. Спасе и Спаса Вишенски, а по повод шест месеци од блаженото упокојување на Митрополитот Тимотеј, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелгониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на архимандритите Нектариј и Сергеј (од Српската православна црква), протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Никола Христоски и Игор Никовски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Димче Азески, Саше Костадиноски и Александар Матески, еромонахот Никодим и протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Драган Ѓеоргиевски, Александар Димитријов и Драган Иванов. На Литургијата молитвено присуствуваше и Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и Администратор Дебарско-кичевски г.г. Стефан, како и Неговото Вискокопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и Нивните Преосвештенства Епископот Антаниски г. Партениј и Епископот Велички г. Никола. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Петар се обрати со пригодна беседа, а потоа беше отслужен и Прастос за покој на душата на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, а на парастосот началствуваше Архиепископот Стефан, во сослужение на Митрополитите Петар и Агатангел. На крајот беше отслужена и трисагија на гробот на Митрополитот Тимотеј. Бог Господ да ја всели неговата душа таму каде што почиваат праведниците, а тој заедно со Авраама и сите праведници нека се молат за нас, та и ние чесно и достојно да го изодиме Христовиот пат и да ја заслужиме венчата награда. Вечнаја памјат, Владико!