На 13.09.2025 год, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, се одржа концерт на византиско црковно пеење.
На концертот настапуваа повеќе црковни хорови, меѓу кои: византискиот хор „Мојсеј Петровиќ“ од Србија, византискиот хор „Свети Нектариј Битолски“ од Битола, женскиот црковен хор „Свети Теофил Струмички“ од Струмица и детскиот хор „Свети Стилијан“, од Битола.





