На 24.08.2025 г., во Единаесетата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светиот Маченик Евпал, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Неговото Преосвештенство, Епископот Велички г. Никола, протоереј ставрофорот Влатко Ристески, протоереите Гоце Маџароски, Роберт Илиески, Ристо Кочанков, ерејот Младен Јовчески, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Миле Маџароски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Преображение“, во Прилеп.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во свештенички чин да го ракоположи ѓаконот Младен Јовчески, а во ѓаконски чин, дипломираниот теолог Миле Маџароски.
Од името на Епархијата, на новоракоположениот свештеник Младен Јовчески и на ѓаконот Миле Маџароски, им ги честитаме примените свештените чинови и се молиме достојно да Му служат на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодови.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.








