На 26.10.2025 година, во Дваесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светата великомаченичка Злата Мегленска, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Пенчо Пусоски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света великомаченица Злата Мегленска“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












