На 16.11.2025 година, во Дваесет и третата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на обновување на храмот на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Лида, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












