На 21.12.2025 г., во Дваесет и осмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Преподобниот Патапиј, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












