На 23.11.2025 г., во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Сотир Гочевски, протоерејот Михаил Матвеев и протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Константин Сековски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во Ресен.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









