На 9 декември 2025 година, во Јордан, во организација на кралот Абдулах II, се одржува меѓународна конференција, со назив: Процесот од Акаба-Балкански меѓународен дијалог.
Претходниот ден пристигна и претставници на помесни Православни Цркви. Покрај домаќините, односно Ерусалимската Патријаршија, присутни се: Антиохискиот Патријарх Јован, Српскиот Патријарх Порфириј и Албанскиот Архиепископ Јован.
Од името на Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, на настанот учествува делегација на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, во чиј состав е Митрополитот Преспанско-Пелахониски и администратор Автралиско-Новозеландски Петар, во придружба на проф. д-р Борче Грамбозов.
По пристигнувањето, гостите имаа можност да го посетат местото на кое Богочовекот Христос бил крстен од страна на свети Јован Крстител.







