Зошто се спасуваме во Црквата, а не на друго место?


Зошто се спасуваме во Црквата, а не на друго место?а) За да земеме учество во спасоносното дело што го изврши Христос за нас со Неговото воплотување, ние треба да се соединиме таинствено со Неговото човештво, коешто Христос го зема заради нас. Како ќе се соединиме со Неговото човештво, ако не се крстиме внатре во телото Христово – Црквата? Со нашето крштение, ние се соединуваме таинствено со Неговото човештво, односно со Неговото тело – Црквата, чија глава е самиот Христос, а ние негови членови. Со крштението влегуваме во телото Христово, во Црквата, и на секого посебно ни се дава Светиот Дух, без Кого не може да се спасиме. И токму внатре во црковната заедница, Духот Божји го оприсутнува Христа во животот на Црквата, преку тајната на Св. Евхаристија.

б) Светиот Дух престојува во телото Христово, односно Црквата, а не на друго место, затоа што Светиот Дух е на Христа. А каде на друго место би престојувал Духот Божји, Кој е Христов, освен во телото Христово? Затоа, спасението во Христа е црковен а не индивидуален настан, штом без Духот Кој престојува во Црквата е невозможно спасението на човекот.

Асс. Докторанд м-р Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет ,,Св. Климент Охридски”, Скопје, УКИМ.