За трите дрва кои мечтаеле да станат големи и силни

Во една шума растеле три дрва. Секое дрво мечтаело да биде прекрасно. И секое дрво го добило не само тоа за што сонувало, туку и неспоредливо многу повеќе! Но не така како што тие си замислувале на земјата.

Првото дрво сакало еден ден да стане убав дрвен ковчег, украсен со убава резба, во кој ќе се чуваат скапоцени богатства. Тоа било неговиот сон.

Второто дрво сакало да падне во рацете на добар мајстор, кој од него би направил голем, моќен, убав и величествен кораб, кој би ги превезувал царевите и големите благородници.

Третото дрво рекло дека единственото што го посакува, – е да стане високо и моќно дрво во шумата, за луѓето кога ќе го здогледаат на врвот од планината, да помислат на небесата и на Бога.

Поминале години, и сè тргнало наопаку. Се појавиле дрвари и го пресекле првото дрво. Тоа сакало да стане убав скапоцен дрвен ковчег, во кого ќе се чуваат скапоцен предмети, а дрварите од него направиле јасли за говеда, кои ги поставиле во една пештера.

Второто дрво, кое сакало да стане величествен кораб со кој ќе патуваат царевите и благородниците, станало мало рибарско кајче, кое сиромашните рибари го употребувале за риболов.

Третото дрво, кое сакало да биде највисокото дрво во гората, било исечено од некој дрводелец, кој го зел во својата работилница и го оставил да се исуши.

Поминале многу години, и дрвата разочарани од тоа како се одвивале настаните, заборавиле на своите мечти…

После многу години, една вечер, еден човек и една Девица, влегле во пештерата, во која се наоѓале дрвените јасли. Во таа пештера Дева родила Младенец, Кој потоа го положиле во јаслите, направени од првото дрво. Тоа беа Јосиф и Пресвета Богородица, а во јаслите ги положија не само златото и скапоценостите кои ги донесоа тројцата мудреци, туку и Самиот Бог, Кој стана Човек заради нас. Така, тие јасли се удостоија да Го примат во себе Богатството над сите богатства – Самиот Бог.

Во малечкото кајче, направено од второто дрво, после многу години во него влегле рибари. Еден од нив, откако силно се уморил, легнал да се одмори. Рибарите, откако навлегле длабоко во морето, се појавила силна бура. Малечкото кајче не било толку силно за да го издржи ветерот и морските бранови. Тогаш рибарите Го разбудија Оној Кој спиеше. Он стана и ѝ нареди на морската бура: „Молкни престани!“ И ветрот стивна и настана голема тишина… Тоа бил Самиот Господ Исус Христос со Своите ученици на Галилејското езеро. И второто дрво, кое сакаше да стане голем кораб, со кој би пловеле царевите и благородниците, се удостоило да го носи  Царот над царевите, Самиот Бог и Неговите „благородници“ – апостолите!

Третото дрво, кое било оставено да се суши во работилницата на дрводелецот, одеднаш било земено, и од него направиле висок Крст. На тој Крст го распнале Христос нашиот Бог. И тоа дрво станало многу повисоко, отколку што мечтаело: тоа се издигнало со небесата, држејќи го на себе Бога! И тоа станало, како што пееме во еден тропар „подобно на небесата“.

На крај, секое дрво од нашата приказна го добило не само тоа за што мечтаело и се надевало, туку и многу повеќе! Иако не во таа форма, која тие си ја замислувале на земјата.

Оваа приказна не учи нас, дека ние не знаеме, каква е Божјата волја за секого од нас. Ние никогаш не треба да забораваме, дека тоа што Бог го приготвува за нас, секогаш е за илјада пати подобро и пополезно за нас.

Ние треба да мечтаеме за доброто и да не забораваме, дека често работите се движат не онака како што ние сакаме, туку дека Бог промислува многу подобро од тоа што ние можеме да си замислиме.

Да имаме вера и да се надеваме на Божјата Промисла.

Извор: http://www.pravoslavie.ru