Зошто имено 26-от, 50-от и 90-от псалм се читаат за време на опасност?

Читањето на укажаните псалми од страна на верниците во време на напади од непријателите, како видливите, така и невидливите, можеме да го објасниме со самата содржина на тие псалми. Така на пример, целиот 26-ти псалм, е сведоштво на душата, која верува во Бога, и целосно се надева на Него. Дадениов псалм започнува со следниве зборови: „Господ е моја светлина и мое спасение: од кого ќе се бојам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе се плашам?“ (Псал. 26, 1). Свети Атанасиј Велики, размислувајќи за смислата на приведениве зборови, забележува: „оној кој му се доверил на Бога, преку Него се ослободува од секаква непријатност и ги надминува сите непријателски сили“.

Истото можеме да го кажеме и за 90-от псалм. Светиот цар и пророк Давид  со овој псалм се обраќа до секој што верува во Бога: „Зло нема да Ти се случи, и неволја нема да Ти се приближи до телото Твое, затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои“ (Псал. 90, 10-11).

Сепак ако во 26-от и 90-от псалм, искрено се говори за Божјата помош, која го придружува човекот на сите негови патишта, тогаш 50-от псалм, на прв поглед, вакви зборови не содржи. Но неговата смисла, од богословска гледна точка, е многу длабока. Ако 26-от и 90-от псалм, се молби, упатени кон Бога со прозба да не ослободи од видливите и невидливите непријатели, тогаш 50-от псалм е насочен кон борба со главниот „непријател“ на човекот – неговиот грев. 50-от псалм – е плач на душата, која ја осознала својата гревовност. Човекот со зборовите од 50-от псалм го моли Бога: „најнапред изми ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев“ (Псал. 50, 2), напоменувајќи ни дека гревот – е најглавниот проблем. Светите отци говорат: „оној што го видел својот грев, е многу поголем од оној што воскреснува мртви“.

Гревот – е главната преграда, која стои помеѓу нас и Бога, и токму затоа ослободувањето од гревот, за секого треба да биде главната цел во животот. За човекот е многу поважно целосно да се ослободи не од тие, кои непријателствуваат против него, туку од тоа, што е внатре во самиот човек – од сопствениот грев, кој е главниот непријател на Бога.

Извор: http://pravlife.org