Ѕидот

Со различни имиња го именуваат
На повеќе начини го разбираат
Повеќе неубаво го толкуваат
А на некого му служи и за плачење.

На него се вежбаа народите –
Кој побрзо ќе го прескокне,
Кој полесно ќе го прелета
Но,  на некого му падна и на глава.

Ѕидови разни на ближните им поставуваме
Сопки и грмади со кои ги одалечуваме,
Синови и ќерки на гордоста сопствена
Поглед да не им мине
Да не гледаат – од далечина.

Нашите сопствени никако не ги рушиме,
Ако се појави мисла
Околу нив да поминеме
Уште повеќе ги продолжуваме  –
Око да не ги виде.

Погледај на мене
Ти вечна Светлино
Кој заради нас и низ ѕидот ќе поминеш
Да ме здогледа Твоето око
Аголен камен да постанеш,

На Тебе да се подигне мојот дом
Ѕид за плачење повеќе да не барам
Во Тебе да го најдам својот спокој
И да видам дека Ти за мене си – секој,
Кој доаѓа до прагот на мојата виделина
До мислата на мојата самотија
До ѕидот на мојата голотија.

slepche

(Од сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)