На 27.09.2025 г., кога го празнуваме Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Михаил Матвеев, Горан Кутлешовски, протоѓаконите Драган Георгиевски, Константин Сековски и ѓаконот Христијан Ѓошев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великмаченик Георгиј“, во Ресен.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во ѓаконски чин да го ракоположи теологот Христијан Ѓошев.
Од името на Епархијата, на новоракоположениот ѓакон Христијан Ѓошев, му го честитаме примениот ѓаконски чин и се молиме достојно да Му служи на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодови.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






