ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

 „Христос воскресе!”

 „Навистина воскресе!”

Малку пред 12 часот на полноќ на Велика Сабота се служи Полуноќница. Свештеникот ја зема Плаштаницата од гробот и ја внсеува во олтарот преку Царските Двери и ја полага на прсетолот, каде што таа останува 40 дена, до Вознесенисто на Господа.

На полноќ започнува Утрената со Пасхален Крстен Вход (Литија). Народот излегува од храмот со пеење:

Твоето воскресение, Христе Спасителе, ангелите на небесата го воспеваат, а нас на земјата удостој не со чисто срце да Те славиме.

Процесијата (Литијата) го обиколува храмот и се враќа кон неговите затворени врати. И тука свештеникот торжестнено разгласува за Христовото Воскрсесние (понекогаш се чита Евангслието, кое говори за празниот гроб). Потоа тој воскликнува: „Слава на Светата и Едносушна и Животворна и Неразделна Троица!“ И за првпат се пее пасхалниот тропар заедно со стиховите од 67-ми псалм, со кои сега ќе започнат сите пасхални служби:

Да воскресне Бог, и да се распрснат Неговите непријатели и да бегаат од Неговото лице, оние што Го мразат.
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите живот им подари.

(Тропар)

Овој ден го создаде Господ, да се зарадувнме и развеселиме во него.

Народот повторно влегува во храмот и пасхалната Утрена продолжува. Храмот е украсен со цвсќиња и е осветлен. Свештениците се облечени во најсветли и красни одежди. Во центарот на храмот, на аналој лежи иконата на Воскресението, која го изобразува Христа, Кој што ја разбива вратата на адот и ги ослободува Адама и Ева. На таа служба ништо не се чита, сé се пее. Песните на канонот, на кои авторството му се припишува на Св. Јован Дамаскин, наизменично се пеат со тропарот на празникот. Одново и одново свештеникот воскликнува: „Христос воскресе!” И секојпат народот му одговара: „Навистина воскресе!”

Ден на воскрсеснисто е, луѓе, да се просветиме: Пасха, Господова Пасха: Од смртта кон живот и од земјата кон небесата Христос Бог не преведе нас, кои победно пееме: Христос воскрсена од мртвите!

(1-ва псена од канонот на Пасха)

По канонот се пеат пасхалните стихири, a пo нив, пo завршувањето на Утрената, Пасхални часови.

Пред почетокот на Литургијата свештеникот торжествено го чита „Пасхалното Слово на Св. Јован Златоуст”, кое ги кани сите верници (кои се во храмот) да ги заборават сите грсвови и наполно да се потопат во радоста на празникот Воскрсеение Христово. И ние, буквално, треба да го следиме призивот на таа проповед и сите без исклучок да се причестиме со Светите Тајни на Пасхалната Господова Трпеза. Самата Пасхална Литургија исто започнува со пеење на празничниот тропар со стиховите од 68-от псалм. Антифоните се состојат од соодветните одломки, кои го восфалуваат и прославуваат Божјото спасение:

Воскликнете My на Господа од целата земја, дајте My на Неговото име, и дајте My слава на Неговото всличие.
Целата земја да Ти се поклони и да Ти пее Тебе, и да пee за Твоето име Севишни.
Да го познаеме Твојот пат на земјата, при сите јазичници.
Твоето спасение!…
Да Ти се исповедаат луѓето. Боже, да Ти се исповедаат сите луѓе.

Тропарот се повторува одново и одново. Химната на крштевањето од посланието до Галатјаните ја заменува „Свети Боже”. Апостолското читање – со првите девет стиха од Делата на Св. Апостоли, а Евангелието – со првите 17 стиха од Евангелието на Јован, одново ги доведува верниците кон почетокот и им го открива Божјото творение и создавањето на светот преку Живото Божјо Слово, Неговиот Син Исус Христос.

Самиот збор „Пасха” означува „Излез”, „Премин“. Иако првиот Излез го означува Почетокот на Стариот Завет, тогаш Пасхата е Излез на Новиот и Вечниот Завет, претскажан од древните пророци. Тоа е вечниот Излез, премин од смрт кон живот, од земјата кон небесата. Тоа е Денот Господов, очекуван од светите пророци; „овој ден, кој Го создаде Господ” за својот суд над сите твари, ДеноТ иа Нстовата конечна и неспорна победа. Тоа е денот на Царството Божјо, во кое „ќе нема ноќ”, така што „светлина My е Агнецот” (Откр.21:22-25).

Пасхалната служба воопшто не е сврзана со изгревот на сонцето – Пасхалната Утрена и Божествената Литургија се служат заедно во почетните ноќни часови на првиот ден од седмицата, а за да ни даде можност да го почувствуваме „новото создание” на светот и мистички да влезсме во „новиот Ерусалим”, кој вечно свети со славната Христова светлина, која ја победува постојаната ноќ на злото и ја уништува тсмнината на нашиот смртен и греовен свет.

Светли сè, светли сè, нови Ерусалимс, зашто славата Господова блсена над тебе; торжествувај сега и весели сè, Сионе; а Ти, Пречиста Богородице. радуј се за воскрсеснисто на Својата рожба.

Оваа е една од главните псени на Православната Црква, вдахновена од пророштвото на Исаиј и последните глави од Книгата на Откровението, зашто „Новото Творение”, „Новиот Ерусалим”, „Небесниот град”, „Царството Божјо”, „Денот Господов” и „Брачниот пир на Агнецот со Неговата Невеста” – сето тоа се празнува и оживотворува но Светиот дух и во пасхалната ноќ.