P1430240

Прв ден Духовден – Мало Повечерие во манастирот Света Троица

На 04.06.2017 г., празнувајќи ја Светата Педесетница (Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, 50 дена во Воскресението), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Мало Повечерие во манастирот Света Троица, Буковски Ливади, Битола. 

P1430086

Духовден во Битола

На 04.06.2017 г., празнувајќи ја Светата Педесетница – слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Света Недела во Битола.

Пред Литургијата, Владиката го ракопроизведе во чин чтец Михаил Поп Атанасов, студент на Православниот богословски факултет во Скопје. 

P1430055

Задушница – Архиерејска Заупокоена Литургија во Св. Димитриј

На 03.06.2017 г., во саботата пред Духовден, посветена на поменот на сите упокоени наши отци, мајки, браќа, сестри и чеда наши (Задушница), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Заупокоена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј, во Битола. 

P1420932

Свети Константин и Елена – Архиерејска Вечерна Богослужба

На 02.06.2017 г., во предвечерието на саботата пред Духовден, посветена на поменот на сите упокоени во Господа, што во оваа година се совпадна со празнувањето на Светиот цар Константин и мајка му Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот Свети Константин и Елена во Битола. 

sveta makrina

Спомен на блажената старица Макрина (1921-1995)

На четврти јуни, си спомнуваме за блажената старица Макрина (во светот Марија Васопулу), игуменија на манастирот на Панагија Одигитрија, во близина на градот Волос, духовно чедо на старец Јосиф Исихаст и старец Ефрем Филотејски (Аризонски) (Мораитиса). Старица Макрина стекнала многубројни духовни дарови и се удостоила за високи духовни состојби.

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО БОГОСЛОВИЈА ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски” – Скопје, објавува

КОНКУРС

за запишување на редовни ученици во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски” – Скопје, за учебната 2017/18 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

forum

Четврт Христијански Философски Форум – ВИДЕО

Четвртата дискусија на Христијанскиот философски форум е посветена на фундаменталниот философски и теолошки концепт AION. Тој стои во основата на класичната философска космологија, укажувајќи на различни димензии на временото и вечното. Христијанската теологијата се надоврзува на класичната традиција, правејќи разлика помеѓу „овој AION“ на минливиот живот и „идниот AION“ на Божјо царство.

borce-1

Христијанските символи и нивниот првобитен облик – Асистент м-р Борче Грамбозов

Еден од начините на постоење на Црквата, е исповедањето на нејзината вера како специфично знаење кое ја разликува истата од другите постоечките религии. Во контекст на ова тврдење, би го нагласил толкувањето или исповедањето кое го имаа првите заедници на Новиот Завет. Дека во древната Црква постоеше катихетска пракса на крштевање, јасно е прикажано насекаде во Новиот Завет. Во Новиот Завет се зборува за «крштелно учење»(Евр. 6, 2), и«исповедување»(Евр. 3,1. 4,14. 10, 23). Согласно истражувањата на J. Kelly, катихетската пракса се извршуваше во името на Христос. Новите членови на Црквата должни беа да го исповедаат Исус како Христос и Господ (John Andrew Breon, Christian Doctrine as a Means of Christian Spiritual Formation, Ann Harbor 2008, стр. 59). Во Пастирските Посланија на апостолот Павле се нагласува учењето онака како што е прифатено од страна на заедниците (Тит. 1, 13; 1 Тим. 1, 19).

mqdefault

Дозволете Ми да се радувам со вас!

Во спомен на Отец Евсевиос Мамакас 29.08.2011, Калимнос Грција 

 

Врати се кај Мене

дури и во твојата  беда.

 I во твојата вина – Јас те прифаќам каков што си.

Јас ти кажувам дека веќе ти простив.

p.andreas-konanos

Нема љубов без ризик – Отец Андреј Конанос

Познавам една мајка која многу ги сака своите деца. Толку многу ѝ недостасуваат кога не се покрај неа! Но, едниот син има мотор и цело време е надвор од домот, доцна се враќа. Другиот патува. Третиот оди на аџилак. Едната ќерка сака едно, другиот син прави друго… Оваа мајка толку многу ги сака своите деца и толку сака бескрајно да бидат покрај неа! Може толку многу да им даде, да им раскаже. Но, дава предност на тоа што ги сака и почитува. Таа длабоко го цени нивниот избор! Нејзината сеопфатна љубов многу ме научи.