luka

За слугите на гревовите и слугите на праведноста – Свети Лука Кримски

Исус Христос рекол: Кој ќе го запази својот живот, ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби заради Мене, ќе го најде (Матеј 10,39). За да се сфати значењето на овие зборови, треба да се знае што е тоа човечка душа. Душата не е ништо друго, туку, збир на мисли, поими и стремежи. Има добри души, а има души наклонети кон зло, полни со гревовни желби. Кај мнозинството луѓе, душата е потчинета на телото и се стреми кон тоа, да служи на неговите страсти, наклонета е кон презаситен живот со многу задоволства. На оваа душа треба да ѝ се погубат, истребат сите нејзини ниски телесни барања, кои го сквернават и телото и самата душа.

jovan shangajski

Свети Јован Шангајски, Битолски – Соопштение

Во спомен на светиот отец наш Јован Шангајски, во црквата Света Троица (Руската црква) во Битола, каде што често и самиот богослужел, денеска, со почеток во 18 часот ќе се отслужи Вечерна Богослужба.

Утре (на 02.07.2017 г.) Божествената Литургија ќе започне во 7 часот.

Кондак 1

Избран чудотворче и прекрасен Угодниче Христов, кој по целиот свет изли многуценето миро, вдахнато и неисцрпно изобилство на чуда, со љубов те фалиме и коленичиме пред тебе:

sveti sava

СВЕТИ САВА, ПРЕТОР – Репортажа

Црквата се наоѓа на 100 м. под регионалниот пат Макази –Маркова Нога, веднаш под раскрсницата од с. Претор, во областа Калуѓери, над детското одморалиште Мите Богоевски.

Според историските податоци црквата била метох на сливничкиот манастир и е постара од него (изградена во 14 век, на темелите на стара црква посветена на Св. Никола, а обновена 1916/17 г.)

the-apostle-paul

МИСИОНЕРСКО – ЕВАНГЕЛИЗАТОРСКАТА ДЕЈНОСТ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ

Во исполнување на Господовата заповед: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал“ (Матеј 28,19-20), која Господ им ја предал на своите апостоли и во која го согледуваме автентичното значење на Црквата, во нејзиното исполнување, најмногу од сите апостоли се истакнал апостолот Павле, кој длабоко знаел дека мисионерењето се наоѓа во самата срж на Црквата, која без разлика на тоа во какви услови живее – таа мора постојано да мисионери. Таа мора да сведочи.

Iliy Nozdrin

За соблазните (искушенијата) -Старец Илија Ноздрин

Пренесуваме дел од циклусот разговори со отец схиархимандрит Илија (Ноздрин), оптински старец и духовник на Светејшиот Патријарх на Москва и цела Русија. Беседата од циклусотЗа животот, за вечноста, за душата“, посветена е на соблазните на кои човекот наидува на својот животен пат.

Секој човек во својот живот наидува на соблазни. Што да прави за да ги избегне, да може да продолжи безбедно да плови по ова бурно море на животот?

IMG_20170625_100731

Трета недела по Педесетница

На 25.05.2017 г., во Третата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за Преподобен Онуфриј Велики; Преподобен Петар Атонски; Преподобен Тимотеј, пустиник Мисирски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во Соборниот храм Свети Димитриј во Битола. 

kirill i mefody

Светител – човек или супер-херој?

Во Неделата на Светиот Дух, Педесетница, Црквата продолжува да го празнува доаѓањето на Светиот Дух во светот. Го обраќа нашето внимание на конкретните плодови на Светиот Дух во Црквата и во светот, после Педесетница. Какви конкретни плодови? Тоа се светителите на Црквата Божја. Минатата недела беше Недела на Сите Светии. Црквата како да ни рече: Христос е Лозата, како што и самиот Он се споредува, Светиот Дух е сокот кој тече во таа лоза, а гроздовите, конкретните зрнца и гроздови кои се раѓаат од неа, се конкретните плодови, светителите, кои напоени од тој Дух, засветлиле на многу различни места територијално, но биле напоени од истиот Дух, Духот Свет.

P1430810

Втора недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Богомила

На  18.06.2017 г., во Втората недела по Педесетница, во која го празнуваме споменот на Сите руски светители, како и на светите: Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски; Преподобен Теодор Пустиник; Преподобен Анувиј; Блажениот Игор, кнез Черниговски и Киевски; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Свети Атанасиј Велики, во Богомила, Велес. 

im1226

Злоупотреби во духовничката пракса

Одлука на Светиот архиерејски синод на Руската Православна Црква

На седницата на Светиот Архиерејски Синод на Руската Православна Црква од 28 декември, 1998 година, на која претседаваше Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј, разгледани се сите чести случаи на злоупотреби од страна на одредени пастири, на кои Бог им даде власт да „врзуваат и разврзуваат“ (Матеј 18, 18), и Соборот донесе соодветни одлуки. Иако од тие одлуки на Светиот Синод на сестринската Руска Православна Црква поминале повеќе од десетина години, мислиме дека е корисно да ѝ се предочат и на нашата црковна јавност.

267465.b

На Света Гора стапи на власт новиот состав од Свештената Епистасија

На 14 јуни, 2017 г., во административниот центар на Света Гора, Кареја, во соборниот храм на Протатонот се одржа редовната церемонија за предавање на управата на новиот состав на Свештената Епистасија – главниот извршен орган за управување со Светогорската монашка автономија – соопштува «Русский Афон».