DSCN0241

Шеста недела по Педесетница – Архиерејска Литургија во Прилеп

На 16.07.2017 г., во Шестата недела по Педесетница, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Петка, Точила – Прилеп. 

Photo-7-15-17,-10-02-04-PM-(1)

Павловден во Битола

На 13.07.2017 г. кога го празнувавме споменот на Соборот на Светите Апостоли и светиот апостол Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи во пределот посветен на Светите Петар и Павле, во храмот на Сите Македонски Светители во Битола.

afanasiy bukin

Да се биде пастир, а не наемник – јеромонах Афанасиј Букин

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

 Драги отци, браќа и сестри, за сите нас, кои денес стоиме во храмот, дојде крајот на еден период од животниот пат. За некого тоа е уште една учебна година во низата на многуте кои им предстојат, а за некого денес и утре ќе бидат денови на последните лекции во просториите на родната Духовна Академија. Тие две лекции се важни за сите нас.

DSCN9789

Осветување на темели и промоција на ДВД во црквата Св. Петка, Прилеп

На, 12.07.2017 година, кога светата православна Црква го празнува споменот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден, во храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка)“ – Точила, Прилеп беше поставен и осветен камен темелник за изградба на црковна трпезарија и административна зграда, со канцеларија за едукација и развој на црковниот и манстирскиот туризам. Осветувањето на каментемелникот го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на свештенството од прилепското архиерејско намесништво.

sveti-kiprijan

„ДУХОВНИ МИРОТОЧЕНИЈА“ – Документарен филм за Свети Кипријан Слепченски

Во продукција на Македонската Радио Телевизија излезе новиот документарен филм посветен на новопрославениот светител Кипријан Слепченски, со наслов „Духовни мироточенија“. По благослов на Слепченската обител, филмот во целост може да се проследи на следниот линк:

0-02-05-7d8f4ac5a00aa907c7c57e7a403e79d450cafad2616608d4e353436496fdc783_full - Copy

Ајде слушај, слушај – кон Св. Кипријан

Звук во уво наближува
Како шум од летен припек,
Дали е тоа прелага
Или претстојност е во тек ?

Зборови пливаат во оскудица
Срце јуначко се колеба,
Да ти пристапи не сака
Душа се најде недостојна

kozmaidamjan

Свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан

Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос.

metodij petrov

Наградување на игуменот Методиј (Петров) со орден на преподобен Серафим Саровски на Руската Православна Црква

Изминативе години, кои ги поминавме заедно, отец Методиј 20 години служи во свештенички чин, и јас и отец Методиј сме заедно уште од првиот ден на Валаам. Пред мои очи, многу луѓе кои биле сосема рамнодушни кон Црквата, кои ништо не знаеле за неа, не се интересирале, благодарение на неговата срдечност, отвореност и самопожртвуваност, станале православни христијани, верни црковни луѓе.

6957-bozestvena-liturgija-za-petrovden-960x600-15

Свети Петар и Павле – Архиерејска Литургија во Прилеп

По повод христијанскиот празник „Св. апостоли Петар и Павле “ денеска во црковниот храм „Св Благовештение„ се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски Г.Петар, во сослужение со свештеништвото од прилепското архиерејско намесништво.

На Божествената Литургија, во свештенички чин беше ракоположен ѓаконот Благоја Трајкоски.

IMG_0925

Архиерејска Вечерна во манастирот Свети Петар и Павле – Црнеец

На 11.07.2017 г., во предвечерието на празникот на светите апостоли Петар и Павле, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на Игуменот Авакум, отслужи Вечерна богослужба во манастирот посветен на светите апостоли, во с. Црнеец.