serafim sarovski

„Христос воскресна, радост моја!“ – Свети Серафим Саровски

Свети Серафим (1759-1833) бил син на деловен човек од Курск, станал искушеник во Саровскиот манастир кога имал 19 години. Во 27-та година примил монашки постриг, а во 34-тата бил ракоположен. Од 1794 до 1804 г., цели десет години  живеел во шума сосема сам, исполнувајќи го до најмала дребност правилото на Св. Пахомиј Египетски, коешто  го пронашол читајќи ги многуте светоотечки дела. Дивите животни во огромните руски шуми  – мечки, волци, лисици  – биле неговото главно друштво. Сведоците кажуваат дека ги хранел од своја рака

borba Iakova s Gospodom

За почитувањето на иконите – протоѓакон Андреј Кураев

Дали почитувањето на иконите е идолопоклонство, дали истото е споменато во Библијата? Кој ги прави чудата преку иконите и што значи почитувањето на Божјиот образ во Човекот? – за ова и за мнгоу други прашања, кои возникнуваат и особено ги провоцираат луѓето незапознаени со Православната вера, ви ја предложуваме статијата на о. Андреј Кураев:

obrezanie-gospodne

Слово на Обрезанието Господово – свештеномаченик Тадеј Успенскиј

„Господ на сите обрезание трпи, и човечките прегрешенија како благ ги обрезува“ – ете ја смислата на денешниот црковен празник. Обрезанието било востановено од Бога и заповедано преку Авраама на сиот избран еврејски род. Тоа било знак за стапување во Завет со Бога, печат на ветувавањето да се биде во верно послушание на Бога уште од детството, да се биде верен до крв; тоа се правело преку образот на отсекување на страстите плотски, преку обрезување на жестокосрдечноста на самото срце, која била толку погубна за Израилот и толку често го терала да отстапи од својот Бог.

starec gavril velichki

Старец Гаврил (Велички) Светогорец – Поуки

На 12.01 кога  е споменот од упокојувањето на Епископот Велички Гаврил Светогорец, да се потсетиме на неговото слово:

Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нѐ љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекува од нас. Но, сепак, помило Му е кога луѓето нарочно Му се обраќаат. (…) Човекот треба да се одвои од светот и да тргне да Го бара Господа. Дури во тишината на осаменоста Бог се впушта во дијалог со човекот. Во вистински, пријателски и доверлив разговор – лице во лице, очи во очи, срце кон срце!

gavriil

Старец Гавриил (Ургебадзе) Грузиски – Чудата во животот на еден хирург

Најважно е да ги исполнувате Божјите заповеди. Сакајте се едни со други, сакајте ги ближните, а јас, вашата љубов ќе ја принесам кон Бога

Старец Гавриил Ургебадзе

 

За животот и смртта на старец Гавриил, за неговите поуки и чуда зборува Зураб Георгиевич Варази, лекар-хирург, претседсател на Оделението за социјални прашања на Грузиската Патријаршија, кој бил и личен лекар на старец Гавриил.

porfiriy

Биди вистински христијанин

Биди вистински христијанин! Тогаш нема никого да го сфатиш погрешно, туку твојата љубов ќе покрие сѐ… Како што Христос стои пред вратата и тропа, но не ја отвора со сила, туку чека човековата душа самата слободно да Го прими, така и ние треба да се однесуваме кон секоја човечка душа…

hristos-se-rodi-pppe

Наградени раскази од Божикниот конкурс: „Подари збор – подари љубов“

Почитувани читатели,

Заврши Божикниот конкур за кратки раскази „Подари збор – подари љубов“. Им благодариме на сите учесници и ги охрабруваме и понатаму да продолжат да пишуваат, и користејќи го дарот на словото кој им го дал Бог, да се удостојат и во нив да се роди Предвечното Слово. 

deti_voyna-e1443612704792

Рождество – Расказ

Шепот познав, а зборови не осознав. Картонска рака на милостина испружена пред моите двери. Проси. Милува. Благословува. Прибежиште на студ, на камшик и ветер. Со крилја под пазувите скриени во пластот облеки од кожени јакни, волнени елеци и свилени марами.

bbp-jess-family-painting

Иконата – Расказ

Снегот прекри сè со својата белина. Се ближеше најголемиот христијански празник.

Сите деца се радуваа со пакетчињата што ги добија во сиропиталиштето од хуманите луѓе. Само Никола стоеше замислен покрај прозорецот и ги поставуваше истите прашања: ,,Кои се моите родители,  каде се, зошто ме оставија, зарем јас не им значев ништо?“ И така годините брзо минуваа, а Никола заврши средно училиште и се ожени.

helpingthefallen

ЕДЕН ДЕНАР – Расказ

Сум се изменила. Поинаква бев како дете. Ги покривав мечињата да не настинат. Сега ни со луѓето не го правам тоа. Не ги покривав родителите кога пораснав. Не го забележував сопругот кој заспал во дневната чекајќи ме да завршам со документите од фирмата. Не сакаше да спие во спалната без мене, па десет години спиеше во дневната, чекајќи ме. Откако мојата фирма стана една од најуспешните во градот, бев уште позафатена. Немав времени за пријателите. Бев најбогатата жена во градот, но останав без родители, без сопруг, без пријатели, без душа. За нелуѓето станав човек, а за луѓето бев нечовек.