P1390814

Изложба на портрети и промоција на монографијата „Светиот кнез Јован Владимир“ во Ресен

На 17.03.2017 г., во организација на Општина Ресен и Домот на Културата „Драги Тозија“, во просториите на ресенскиот Сарај, беше одржана изложба „Портретите на Свети Јован Владимир на Балканот, од XVII-XIX век“ и промоција на монографијата „Светиот кнез Владимир“.

received_10202802884870243

Акатист кон Пресвета Богородица – Трета Статија

На 17.03.2017 г., во третиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на духовенството од храмот Пресвета Богородица во Битола, ја отслужи Третата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. 

dr-house

„Отец, јас станав православен, веќе пушам и пијам“ – Протоереј Георгиј Шавелски

Обраќањето на расколниците и сектантите им беше препуштено на мисионерите. Тие ги „обраќаа“ на следниот начин: доаѓаше мисионер во село, ги собираше со помош на полицијата своите противници на разговор и организираше јавен спор за верата. Надминувајќи ги своите соговорници со својата образованост, снаодливост, мисионерот се стремеше да ги стави противниците во смешна положба, да ги понижи, исмее, но тоа не ги помируваше со Православната Црква и не ги убедуваше во нивната неправилност, туку само ги надразнуваше, ги ожесточуваше.

p.andreas-konanos

Кога тагата крие благослови и дарови – Архимандрит Андреј (Конанос)

 

Денес сакам да го запаметите зборот “прикриен благослов“. Односно, благослов кој е скриен под нешто што изгледа како тага, мака, казна, проблем, трагедија итн. Во позадина на секој феномен во животот знае да се крие некој благослов, позади било која животна ситуација.

serafimviricki

Неракотворен Трнов венец на иконата на преп. Серафим Вирицки

Во Североморск, на иконата на преподобен Серафим Вирицки се појавил неракотворен Трнов Венец околу Крстот, соопштува сајтот на Североморската епархија.

Иконата на преподобен Серафим Вирицки, донесена од Санкт Петербург била насликана есента, 2016 г. За даската на таа икона бил искористен борот, кој израстил на гробот на родителите на преп. Серафим – Николај Иванович и Хионија Алимпиевна, кој се наоѓа во Николскиот храм, во селото Спас-Ухра, Рибински реон од Јарославската област.

ioannkasian

Љубовта ќе не научи на се – Св. Јован Касијан

Она што го здобиваме од постот не се надоместува со она што го губиме во гневот. Нашата придобивка од читање на Светото Писмо во никој случај не се споредува со штетата што си ја нанесуваме со презирот кон нашиот брат.

otrokivpeshti

Зборот љубов е најдолгата молитва – Владика Николај Велимировиќ

Дали постои земна љубов, ме прашуваат соседите. Исто толку, колку што и земен Бог! Земната љубов гори и согорува. Небесната љубов гори и не согорува. Земната љубов, како и сè земно, е само сон и сенка на љубовта. Колку што идолите личат на Бога, толку и земната љубов личи на Љубовта. Колку што чадот личи на пламен, толку и вашата љубов личи на божествената љубов.

voznesenie

Генеза на православната догма – М-р Борче Грамбозов, Асистент на Богословскиот факултет во Скопје

Во просторот на Црквата не ретко одекнува следната мисла: темите кои се поврзуваат со догмите се нешто неразбирливо, ‘’високо’’ и тешко, па затоа и не привлекуваат голем интерес. Ние сакаме практични работи кои ќе ни дадат решенија за нашиот секојдневен живот и за нашата духовност. Најпрвин, би сакал да истакнам дека: духовност без теологија, без догма, не бидува. Или да го кажам тоа на поинаков начин: духовноста во многу се поистоветува, што се однесува до нејзината содржина, со теологијата на Црквата.

religious people

Христијанинот треба да ја избегнува нездравата религиозност – Старец Порфириј Кавсокаливит

Eднaш старецот ми кажа: „Христијанинот треба да ја избегнува нездравата религиозност: како чувството на превосходство пред другите заради своите добродетели, така и чувството за својата лошотија заради своите гревови. Едно нешто е искомплексираноста, а друго – смирението; едно е унинието, друго е покајанието.

15078580_452076648295997_6651428281020279938_n

Со молитвата го живееме Христовиот живот

Натприродните дарови на христијанскиот живот се разновидни. Некои од нив се општи, како откупот за простувањетo на гревовите, оправданоста по благодат, осветувањетo преку крвта на Христос. Други се лични, како дарот на љубовта, смирението, побожноста, блескавиот дух во постојаната блискост со Господ, и така натаму.