starec gavril velichki

Поуки и Тропар на Старец Гаврил Светогорец

Во пресрет на претстојната канонизација – вбројувањето во диптихот на Светите на отец Гаврил, Епископот Велички, споделуваме некои негови изреки, и Тропарот од богослужбата кон него. 

heartshaped sunshine

Љубовта никогаш не ранува – Отец Андреј Конанос

Еднаш ми рече: „Ме рани љубовта. Засакав и бев ранет“. Не знам, се сеќаваш што ти одговорив? Не во свое име, туку врз основа на своето животно искуство и на она што сум го прочитал и видел: љубовта сама по себе никогаш не ранува. Љубовта е живот. Љубовта е светлина и дишење на нашето срце. Таа е силна циркулација на крвта. Кога сакаш, чувствуваш како крвта стигнува во твојот мозок, во твоето срце, во твоите ќелии. Кога сакаш, те исполнува животот. Љубовта не те ранува.

tret forum

Трета дискусија на Христијанскиот философски форум (ВИДЕО)

Што е творештвото? Зошто некои луѓе тежнеат кон тоа да го устројуваат светот што ги опкружува? Што е она што ги прави луѓето истрајни во творештвото, дури и тогаш кога она што го прават не е разбрано и поддржано од средината? Како е можно искуства и способности стекнати во една сфера на творештвото да се изразуваат преку други творечки дискурси? На кој начин човекот преку креативноста му се уподобува на Бога, разбран како творец и седржител на светот?

P1420514

Пренос на моштите на Свети Николај Мирликиски – Божествена Литургија во Мариово

На 22.05.2017 г., кога го празнувавме преносот на моштите на Светиот Николај Мирликиски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на игуменот на манастирот, Архимандрит Никола (Трајковски), архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, архиерејскиот намесник за Битола, протоереј Димитар Михајловски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Божествена Литургија во манастирот Свети Никола, село Манастир, Мариово. 

luka

Свети Лука: преку чудата и после смртта – и служи на медицината – I дел

Синот Божји, Бог Словото по својата безгранична љубов слезе на земјата, и зеде на себе човечко тело, за да го спаси грешното човештво. Он ја зел врз Себе сета човечка болка и неговиот грев. На земјата ги учел луѓето, ги исцелувал, им помагал во нивните потреби и умрел за нив. После своето Воскресение, Господ им заповедал на Своите ученици да го проповедаат Евангелието на сите луѓе – да ги просветуваат, крштеваат и исцелуваат. И апостолите „отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа“ (Марко 16, 20).

hristofor

Свети великомаченик Христофор

Житието на светителот ни соопштува дека свети Христофор, пред крштението го имал името Репрев (Ρεπρεβος – отфрлен, осуден).

За време на владеењето на императорот Дециј Трајан, еден човек по име Репрев, бил заробен од римјаните за време на битката во Мармарика. Подоцна, тој служел во римската когорта Кохорс – оддел од мармаритите – луѓе, по потекло од областа Мармарика или претставници на берберското племе.

monk

Љубовта и слободата се секогаш заедно – 2 дел

Љубовта е надминување на себеси

„Јас го сакам своето дете“, – вели една мајка. И го вика петстотини пати на ден. „Тоа го правам од љубов, да видам како е и каде е“. Меѓутоа, не е така. Всушност, таа едноставно не може да поднесе кога детето ќе замине од неа. Не поднесува кога детето исчезнува од нејзиниот видеокруг и го живее сопствениот живот. „Со кого си? Зошто се задржа? Какви гласови слушам? Кој зборува? Која е таа девојка“? Тоа е очигледна сомнителност и болен однос. И се разбира, нема тука никаква љубов. Затоа што љубовта е жртва. Таа е „сакам да ги раширам своите крилја, ти посакувам добро“.

Архиерејска Божествена Литургија во Лесновскиот манастир

На 17. 05. 2017 година, одд. на Преполовение, св. мч – чка Пелагија Тарсиска, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Неговото Високопреосвештенсво Митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Архимандритот отец Дамаскин, Игуменот отец Агатон, еромонахот отец Прохор, еромонахот отец Макариј, еромонахот отец Гаврил, еромонахот отец Ефросиниј и свештеници од Брегалничката епархија,во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, отслужи Света Архиерејска Литургија.

optinskie novomucheniki

Евхаристија – Приносот на Тројцата Оптински Новомаченици

Отец Василиј имал обичај внимателно да ги запишува во дневникот цитатите, земени од други автори. Но еден запис, за кој не е наведен авторот, може да се разбере и како личен текст:

„Ве молам да не ме задржувате со безвремената љубов, туку да ме оставите да бидам изеден од ѕверовите, со што ќе можам да го достигнам Бога. Зашто јас сум пченица Божја, која треба да биде сомелена од забите на ѕверовите, за да станам чист леб Христов“.

hristos

Кој е главен?

Ми се чини дека кај Губермен има една смешна случка за еден советски писател, кој бил на работа во Америка, и на кого му ги украле сите пари. Писателот скитал по улиците на градот во голем очај и одеднаш видел реклама на руски јазик: „Литературно општество во чест на Лев Толстој“. Тој отишол таму, и добил средба со претседателот на општеството и го замолил да му позајми пари за билет, – но претседателот одбил да му даде.