Настани

IMG_5214

Рецитал по повод канонизацијата на Свети Кипријан Слепченски

На 30.04.2017 г., на денот на канонизацијата на Светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски , во манастирот Свети Јован Крстител, Слепче, се одржа културно-уметничка програма посветена на Светиот Кипријан Слепченски, и  краток рецитал од заслужниот уметник, актер, Владо Јовановски во музичка придружба на групата Синтезис.

6792-prilepskoto-kadino-selo-ne-go-zaboravi-metodija-patcev-960x600-1

Панихида за Методија Патчев

Со пригодна културно-уметничка програма во Кадино Село, беше одбележана 115-годишнината од загинувањето на војводата Методија Патчев.
Преку рецитали, песни и реферат учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ не потсетија на големото револуционерно дело на Патчев, како и на денот кога тој загинал заедно со својата чета.

P1400108

Предавање на тема: „Божјата љубов“ и новојавениот светител Кипријан Слепчански (АУДИО)

На 24.03.2017 г., во просториите на Центарот за веронаука, „Св. Јован Богослов“, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар одржа предавање на тема „Божјата љубов“, која изобилно се излева во животот на Неговите светии.

Во тој дух, Владиката спомна и за животот на новојавениот свештеномаченик Кипријан Слепчански, чие официјално прославување ќе се одржи на 30.04.2017 г. 

IMG_3232

Започнаа подготовките за прославата на Свети Кипријан Слепченски

На 10.03.2017 г., во просториите на Светата Митрополија во Битола, се одржа работна средба меѓу Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, градоначалникот на Општина Демир Хисар,  г-дин Љупчо Блажевски и Проф. д-р Сашо Цветковски од центарот за истражување на културното наследство при МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите), во врска со централната прослава на Преспанско-пелагониската Епархија, по повод 50 години од возобновувањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. 

6639-vo-prilep-se-odrza-tradicionalniot-boziken-rucek-za-500-deca-960x600-12

Во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за 500 деца

Во Прилеп, на 07.01.2017 г., по 11-ти пат, по повод празникот на Христовото раѓање, во хотелот „Кристал Палас“, се одржа традиционалниот Божикен ручек, на кој учество зедоа околу 500 деца од цела Македонија. За жал поради лошите временски услови дел од поканетите не успеаа да присуствуваат на оваа манифестација. Настанот е во организација на „Детската амбасада – За сите деца во светот“. Мотото на овој настан е „Едно небо за сите деца“.

img_2844

35 години духовно пастирствување на Митрополит Петар – Слово на Митрополитот Повардарски г. Агатангел

Нема поголем дар од дарот на служењето на својот Бог, Нашиот Господ Исус Христос, на својата заедница, на својот народ. Синот човечки не дојде да биде послужен, туку да служи, па служејќи му целосно и несебично на целото човештво, животот Свој го даде како откуп за мнозина (Мт. 20, 28).

dscn6155

Свечена Академија за Свети Нектариј Битолски

На 17.12.2016 г., со почеток во 18.00 ч., во организација на Општината на градот Битола, во салата на Театарот се одржа Свечена Академија во чест на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот. 

spe_8226

Прослава на свети Климент во Македонската Православна Богословија

На 06.12.2016 година започна годинешното прославување на денот посветен на светиот Климент Охридски. Чествувањето започна со Вечерна богослужба во црквата посветена на Вознесението Христово во с. Драчево.

image_large_432102097

Одбележан 200 годишниот јубилеј од печатењето на книгата „ОГЛЕДАЛО“ од игуменот Кирил Пејчиновиќ

На 24.11.2016 година, по повод 200 години (1816-2016),  од печатењето на книгата „ОГЛЕДАЛО“ од игуменот Кирил Пејчиновиќ, во Лешочкиот манастир беше отслужена панихида на која богослужеа Митрополитите Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Кумановско-осоговски д-р г. Јосиф, и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Во организација на МПЦ-ОА Тетовско-гостиварската епархија и Матица Македонска, беше промовирана книгата „Огледало за Огледало од Кирил Тетовец Пејчиновиќ“ од авторот Борис П. Момироски Лешанин.

20161014_192244

7 години Веронаука и отпочнување на курсот за источно-црковно пеење во Битола

На 14.10.2016 г., на празникот Покров на Пресвета Богородица, и на споменот на светите музиколози на црквата, св. Јован Кукузел и св. Роман Слаткопевец, во просториите на старата Битолска богословија, беше одбележана 7 годишнината од курсевите по веронаука, а воедно и започна курсот за источно-црковно пеење.