Преспанско – Пелагониска Православна Епархија http://www.pppe.mk Tue, 26 Mar 2024 11:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.5.11 Тодорова Сабота – Света Архиерејска Литургија во Прилеп http://www.pppe.mk/2024/todorova-sabota-sveta-arhierejska-liturgija-vo-prilep-5/ Sat, 23 Mar 2024 10:48:34 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30881 ]]> На 23.03.2024 год., во Првата сабота од Великиот пост, посветена на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Влатко Ристески, Илчо Смилески, Златко Ангелевски и ѓаконот Александар Петковски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

После Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Овој род, зол и прељубодеен, само со пост и молитва може да се истера!“ (сп. Марко, 9, 29), вели Спасителот наш Господ Исус Христос, браќа и сестри, а родот зол и прељубодеен, е всушност сатаната со неговите ангели (демоните).

Родот зол и прељубодеен, кој е богоборен и човекоубиец од искони т.е. од почетокот, е најголемата опасност на човечкиот род, на спасението на луѓето, па токму затоа Спасителот наш Господ Исус Христос, укажува дека ние, ако сакаме да го наследиме Царството Небесно, треба најнапред да се ослободиме од тој зол и прељубодеен род, односно од сатаната и неговите демони, кои влијаат и делуваат врз нас, преку мислите и помислите што ни доаѓаат нам во умот.

Ние, браќа и сестри, сè додека не сме ги прифатиме мислите и помислите, не сме направиле грев со мисла и помисла, но во оној момент кога ќе ја прифатиме грешната мисла или помисла и почнеме со неа да се занимаваме, со неа да разговараме, за неа да размислуваме, ние тогаш веќе сме направиле грев со мисла и помисла, а потоа доаѓа фантазијата, кога почнуваме да фантазираме и на тој начин се ставаме во уште поголема грешна состојба.

Грешните мисли и помисли, не се задржуваат и не остануваат во умот, туку тие тежнеат што побргу да се симнат во срцето, а кога ќе се симнат од умот во срцето, стануваат грешни желби, грешни похоти, грешни страсти, грешни чувства, кои не завршуваат така, туку подоцна стануваат и грешни дела и грешни постапки.

Токму затоа, ние треба да се бориме против тие грешни мисли, помисли, фантазии, чувства, страсти, похоти, грешните постапки и грешните дела.

Браќа и сестри, за да се бориме со овие грешни дела, ние треба да бидеме будни и трезвени во нашиот живот, во нашето однесување и во нашите постапки. Па затоа во оваа прва седмица од Велигденскиот пост, ние на повечеријата, кога ги читавме и пеевме икосите од Канонот на Свети Андреј Критски, кој е големиот подвижник и учител на Црквата од Крит, во шестата песна од Канонот, имаме кондак, кој гласи вака: „Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш, крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Овој кондак нè упатува на тоа дека ние, браќа и сестри, не сме само тела, туку сме и души, односно човекот е дихотомично суштество, составено од душа и од тело. Душата има предност над телото, односно душата е во телото и таа е насекаде во телото, но најприсутна е во умот, срцето и чувствата.

Токму, кога ние ќе се оддадеме на грешен живот, кога ќе почнеме грешно и недостојно да живееме, тоа значи дека нашата душа заспала. Тоа е исто, како кога телото ќе го премориме со разни наши постапки, со премногу јадење или со премногу работа, па тоа веднаш има потреба од одмор и заспива, така и душата, кога ќе се оддадеме на грешен и нечесен живот, на кавги, расправии, клевети, злоба, омраза, одмазди и недобри работи, тогаш душата веќе станува роб на гревовите и таа е заспана за чесен, достоинствен и одговорен живот, за живот во согласност со учењето на нашата Света Православна Црква, живот во согласност со Светото Писмо, со Светото Евангелие, со Светото Предание, со учењето на нашата Света Црква и учењето на Светите Отци на Православната Црква. Токму затоа, потребно е да се пробуди душата и токму затоа овој голем подвижник на Црквата Христова, Светиот Андреј Критски, вика на силен глас: „Душо моја, душо моја, стани зошто спиеш!“

Како се буди душата, браќа и сестри? Душата се буди на тој начин што ние ќе почнеме сериозни да размислуваме за нашиот живот, односно за сè она што ни се случува, за нашите постапки, за маките и страдањата што ги доживуваме во овој свет, а за тоа е кажано од Светите Отци дека страдањата, маките, болестите и сите незгоди во животот, ни се случуваат како последици на нашите гревови. Па така, човекот треба да размисли сериозно за неговиот живот, односно да се покае за гревовите, а за тоа ни кажуваат уште и најзначајните личности во Стариот и Новиот Завет.

Имено, во Стариот Завет, заради гревовните состојби, Господ испраќал пророци, патријарси и други луѓе, за да ги поттикнат на покајание оние што грешат, зашто доколку тие не се свестат и не се покајат за своите гревови, тие тогаш ќе загинат.

Не случајно Господ на нашите прародители Адам и Ева во рајот, уште пред да згрешат им дал заповед да постат. Заповедта за пост во Стариот Завет се состоела во наредбата да не јадат од забранетиот плод, бидејќи Господ им рекол дека во кој ден ќе вкусат, ќе умрат. Нашите прародители Адам и Ева, кога згрешиле, прво умреле духовно, а потоа, по извесни години дошла и телесната смрт, како последица на гревот. Светиот апостол Павле вели: „Адам згреши и умре, а преку Адама и ние како негови потомци грешиме и умираме“, но Вториот Адам, Христос нашиот Бог и Спасител, дојде во светот токму за да го подигне паднатиот Адам (човештвото), да го повика на покајание за да се спаси. Па така, преку Христа Вториот Адам, ние се спасуваме.

Во Стариот Завет, грешниците, браќа и сестри, биле повикувани на покајание. Да си спомнеме како Ниневјаните били повикани да се покајат, односно четириесет илјаден град бил повикан на покајание и постел заедно со нивната стока, и Господ им ги простил гревовите, а градот бил спасен.

Во Стариот Завет и Ное, нашиот прадедо, ги повикувал луѓето на покајание во целиот тогашен свет, но тие не верувале во тоа, па затоа дошол потопот и го уништил целиот свет во тоа време, а единствено (верен на Бога) останал само Ное со неговото семејство. Бродот или коработ што се запрел на планината Арарат, е сведоштво за тој општ потоп што настанал во светот.

Поради гревовната состојба на градовите Содома и Госмора, и Лот повикувал на покајание и го молел Господа, Господи да не ги уништува Содом и Гомор, ако во нив има сто праведници, а Господ му рекол: „нема да ги уништам, ако во нив има педесет праведници, а потоа и педесет“. Господ, браќа и сестри, рекол дека нема да ги уништи тие градови, ако во нив има  дури и десет праведници, но во нив немало ни десетмина праведници, па затоа биле уништени Содома и Гомора, каде што денеска во Израел се наоѓа Мртвото Море, како сведоштво на тие некогашни градови, во кое ништо не живее.

На покајание повикувал и Свети Јован Претеча и Крстител, со зборовите: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!“ (сп. Мат. 3, 2), и вели дека ако не се покајат луѓето, „тогаш секирата е при коренот на дрвото, и секое дрво кое не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (сп. Мат. 3, 10), односно секој човек што не прави добри дела, ќе биде фрлен во вечниот оган, огнената геена, каде што ќе биде вечно страдања, не  само телесно, туку уште пострашно, и духовно страдање.

Токму со овие зборови и Спасителот наш Господи Исус Христос повикува: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (сп. Мат. 4, 17). Ете, некои се покајале и се спасиле, а тие што не се покајале, не се спасиле.

Покајанието, браќа и сестри, се состои во следното: да почнеме да копаме во нашиот живот, од детството, па сè до последниот ден од животот, барајќи ги сите грешки и гревови што сме им ги направиле, на родителите, на браќата и сестрите, на пријателите, на учителите и на сите оние на кои сме им згрешиле, ние треба од нив да побараме прошка за направените гревови, но и секој што ќе побара прошка од нас, да му простиме. Ние треба да им простиме не само на оние што ги знаеме и познаваме, што ни се пријатели и роднини, туку и на непријателите, зашто Христос од Крстот се молел за прошка на гревовите на непријателите, за оние што го распнале со зборовите: „Прости им Отче, зашто не знаат што прават“ (сп. Лука 23, 34).

Ете, така треба да биде покајанието, односно да биде од длабочината на душата и срцето. Ако ние некому нешто сте му простиле, ние тоа никогаш повеќе не треба да го спомнувате дека сте направиле големо дело, зашто Господ ни рекол дека треба да ја читаме молитвата „Отче наш“, во која ние велиме „прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници“ (сп. Мат. 6, 12). Секој оној што нема да им прости на другите и нему нема да му бидат простени гревовите.

Браќа и сестри, покрај постот, кој како што кажавме не е само телесен, односно не се состои само од воздржување од телесна храна и жестоки пијалаци, туку е пред сè духовен, а духовниот пост, кажавме дека се состои да се воздржуваме, да не клеветиме, да не лажеме, да не крадеме, да не бидеме мрзеливи, туку да бидеме секогаш чесни, достојни, да им помагаме на другите, гладни да нахраниме, жедни да напоиме, необлечени да облечеме, болни и во затвори да посетиме, како што вели Спасителот Господ Исус Христос. Ете, тоа е духовниот пост, па затоа пееме во овие црковни песни во овие Велигденски пости: „браќа да постиме, и телесно, и духовно“.

Ние, треба постојано да се молиме, зашто без молитва ние не можеме да се спасиме. Молитвата и постот се двете крилја, кои човечката душа ја воздигнуваат до небесата. Молитвата се состои во тоа, ние, нашиот ум, постојано да го насочуваме кон Бога. Нашите мисли да бидат насочени кон Бога и Бога да го имаме, и во мислите, и во чувствата, и во желбите, односно да го возљубиме со сета наша душа и со сето наше срце. Токму затоа Господ вели да го возљубиме Господа Бога, „со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој ум, со сета своја сила и ближниот свој да го сакаме како себеси!“ (сп. Мат. 22, 37).

Ете, токму во тоа се состои молитвата упатена кон Бога, која треба да излегува од длабочината на нашите души и срца. Ние не смееме формално да се молиме или да се молиме само кога ќе имаме маки, потешкотии и страдања, па тогаш набрзина да велиме „ајде Господи, дај ни го ова веднаш“, како Господ да е должен сè што ќе посакаме да ни исполни, а ние ништо да не исполниме (кон Него и ближните).

Господ кажал дека „оној што ги исполнуива Моите Заповеди, тој е оној што Ме љуби“ (сп. Јован 14, 21). Господ вели: „Моја мајка, мои браќа и мои сестри, се оние што ги исполнуваат Моите Заповеди“ (сп. Марко 3, 35). Дали ние ги исполнуваме Божјите Заповеди? Не, браќа и сестри, а ако не ги исполнуваме, тоа значи дека ние не го сакаме Бога и ближниот, а ако не го сакаме ближниот, кого ние го гледаме, тогаш како можеме да го сакаме Бога кого не Го гледаме. Ние прво треба да го сакаме ближниот што го гледаме, а исто така и Бога, зашто од Бога зависи нашето постоење и нашиот живот, бидејќи Господ нè создал, односно од Него сме создадени и пак при Него треба да се вратиме и во Него и со Него да бидеме постојано.

Молитвите, браќа и сестри, треба да бидат прозбени, а прозбена молитва значи кога ние нешто бараме од Бога. Што треба ние да бараме од Бога? Господ вели: „Најнапред барајте го Царството Небесно и Неговата правда, а останатото ќе ви се додаде“ (сп. Мат. 6, 33). Значи, ако ние го бараме Царство Небесно, односно живот во Царството Небесно, согласно со учењето на Црквата, исполнувајќи ги Божјите Заповеди и правдата Негова тука на земјата, тогаш ние не треба да се грижиме, што ќе јадеме и што ќе пиеме, бидејќи Господ вели: „Зар не гледате, птиците небесни; тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат, па Господ сепак нив ги храни“ (сп. Мат. 6, 26). Колку повеќе за нас маловерните, Бог се грижи и нè храни?

Ние токму така и треба да постапуваме, односно да не се грижиме многу за материјалните и земните работи, бидејќи тие нам ќе ни се дадат, но најповеќе треба да се грижиме за спасението на нашите души.

Во молитвите и прозбите, покрај она што го бараме, а рековме дека треба да го бараме Царството Небесно и Неговата правда, ние, исто така, треба да Му благодариме на Бога за сè што ни дал, а ни дал сè. На многумина или на поглем дел од нас, Он  ни дал здравје, ни дал ум, ни дал очи, ни дал уши, ни дал раце и нозе, ни дал можност да живееме и да работиме. Господ на многумина им дал деца, внуци и правнуци, но прашањето е како ги воспитуваме децата, внуците и правнуците. Браќа и сестри, исто така треба да се запрашаме, зошто имаме незгоди во семејствата и зошто ни се случува сето тоа? Тоа ни се случува, бидејќи ние не живееме во согласност со Светото Писмо, со Светото Предание, со учењето на нашата Света Црква и со учењето на Светите Отци.

Исто така, ние треба во молитвите да дадеме и принос. Ние на Божествената Литургија пееме: „Твоја од Твоих“, кога тука на Светиот Престол, (ние) Го подигнуваме Лебот, Кој станува Тело Христово. Исто така и Чашата или Путирот со благословеното Вино, што на Канонот на Евхаристијата ќе стане Крв Христова. Ние велиме „Твоја од Твоих“, односно „од Твоите Дарови што Ти си ни ги дал, Лебот и Виното, Тебе Ти ги принесуваме“, а Господ ги благословува и ги претвора, Лебот, во Негово Тело, а Виното, во Крв Негова.

Ние, ако пристапиме подготвени и се причестиме, во себе, во нашите души и тела, го примаме Христа нашиот Бог и Спасител. Што значи приносот, е исто така многу важна работа, бидејќи Литургијата е всушност општа служба, која му се принесува на Бога, од приносот што Господ ни го дал, а ние Нему Му го принесуваме.

А ние, браќа и сестри, што уште треба да принесеме? Ние треба на Бога да му ги принесеме нашите души и тела, зашто Господ вели преку устата на Светиот апостол Павле „Не знаете ли дека вашите тела се храмови на Светиот Дух? (сп. !. Кор. 6, 19)“ Што значи, телата наши не треба да бидат нешто друго, туку треба да бидат храмови на Светиот Дух. Ако ние ги очистиме телата и душите од гревовната состојба и од нашите гревови, тогаш ги подготвуваме да бидат садови и храмови на Светиот Дух ( тоа е најголемиот принос на Бога).

Ете, токму тоа е потребно и така во овие Велигденски пости, човекот треба да се подготвува, да го прими Светиот Дух, откако преку покајание, пост, молитви и правење добри дела и милостина, телото и душата своја ги очисти, за да го прими Телото на Христа нашиот Бог и Спасител и Неговата Света Крв, а тоа е Причесната.

Затоа, браќа и сестри, вие што денеска ќе се причестите, не заборавајте дека причесната ви се дава, не за тоа од денес или од утре одма да почните да мрсите, не дај Боже, тоа е најголем грев, кога човек ќе го прекрши Велигденскиот пост, а се причестил. Свети Климент нашиот патрон вели: „Немојте да бидете како кучињата, кои се враќаат на блујаниците свои и ги јадат! Немојте да се враќате на старите гревови, откако сте се очистиле од гревовите и сте го примиле Телото Христово!. Немојте вели, да се споредувате со кучињата или со свињите, кои откако се избањале, влегуваат во калта и се кашкаат“.

Затоа, секој што ќе се причести, треба да го продолжи постот, и духовниот, и телесниот, и да се подготвува за најголемиот и најспасоносниот ден, Христовото Воскресение, Велигден, за да го дочека и да го прослав со чиста душа и чисто срце. Амин!

Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар

]]>
Петок од Првата седмица во Великиот пост – Света Литургија на Претходноосветени Дарови во храмот „Свети Четириесет Севастиски маченици“, во Битола http://www.pppe.mk/2024/petok-od-prvata-sedmitsa-vo-velikiot-post-sveta-liturgija-na-prethodnoosveteni-darovi-vo-hramot-sveti-chetirieset-sevastiski-machenitsi-vo-bitola/ Fri, 22 Mar 2024 10:54:47 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30895 ]]> На 22.03.2024 г., кога го празнувавме споменот на Светите Четириесет Севастиски Маченици и споменот на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Љупчо Атанасов, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Литургија на Претходноосветени Дарови во храмот „Свети Четириесет Севастиски маченици“, во Битола.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку бојте се повеќе од Оној, Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!“ (сп. Мат. 10, 28).

Денес браќа и сестри, прославуваме двоен празник, односно празникот на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, кому е посветен овој свет храм, и празникот на Светите Четириесет Севастиски Маченици, кои пострадале во Севастија во 320 година, по Христовото раѓање во тело. Овие маченици биле војници во Римската Империја, и се одликувале со силна вера во Спасителот наш Господ Исус Христос.

Имајќи предвид, дека во тоа време Римската Империја била многубожечка, односно дека не верувале во Троичниот Бог, во Отецот и Синот и Светиот Дух, Кој е еден Бог по Божество, а Троичен по лица (ипостаси), туку дека верувале во многу измислени римски богови, како што и Грците, односно Елините во тоа време, што верувале во нивните измислени богови, како што е Зевс и.т.н. Токму заради тоа, тие не дозволувале да се појави некоја друга вера, која што ќе го уништи нивното државно устројство, бидејќи во нивната вера дури и царевите се прогласувале себеси за врвни управувачи, односно богови. На тој начин многумина од римските цареви себеси се прогласувале за богови, бидејќи сакале народот да им биде покорен и во сè послушен.

Самиот народ, браќа и сестри, бил поделен на класи, а царот директно раководел со највисоката класа, односно со војниците и војсководците кои управувале со поробениот народ, кој немал никакви права, и бил подложен да ги извршува сите работи што ќе му биле наложени. Жените и децата биле третирани како робови, и биле продавани, како што стоката се продава денес на пазарите.

Верата во Христа нашиот Спасител проповеда сосема поразлично од многубожечката. Нашата вера проповеда дека ние сме чеда Божји, синови Божји, бидејќи имаме Еден Отец на небесата. Затоа Спасителот Господ Исус Христос рекол: „И никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата“ (сп. Мат 23, 9). Затоа Спасителот Христос, кога ни ја соопштил, и ни ја открил нашата света вера во Троичниот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, не научил како треба да веруваме, и како меѓу себе да се почитуваме и сакаме како браќа и сестри. Тоа нешто не можеле да го разберат римските владетели, и затоа секоја појава на друга вера, која ќе проповедала учење како христијанското, веднаш била земана на одговорност, односно се барало од луѓето да се откаже од својата вера, и да ја исповедаат верата на нивните цареви, кои требало ги почитуваат како богови.

Ете овие војници, во Римската Империја, кои биле четириесет на број, биле наклеветени дека се христијани, но сепак тие не се исплашиле, бидејќи  знаеле дека ние тука на земјата сме гости, и дека нашето престојување на земјата е времено, и дека порано или подоцна тоа ќе заврши со нашата смрт. На тој начин тие се подготвувале за Царството Небесно и вечниот живот во заедница со Троичниот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, со Мајката Божја, светите ангели и сите свети.

Токму затоа тие не се исплашиле од клеветата дека се христијани, туку со храброст пристапиле пред царот Ликиниј, и ја исповедале верата кажувајќи дека се христијани. Тогаш мачителот им се заканил дека ако не се откажат од христијанската вера, од Христа нашиот Бог и Спасител, ним ќе им бидат одземени чиновите. Кандид, еден од мачениците, излегол пред царот и рекол: „Не само чиновите, туку и телата наши сме подготвени да ни ги земете, уништите и убиете, но од Христа нашиот Спасител никогаш нема да се откажеме“. Тогаш биле подложени на големи страдања и мачења. И тие страдања ги поднесувале со силна вера, а маките им биле олеснувани преку силата на Светиот Дух, испратена преку нашиот Спасител Господ Исус Христос. На тој начин тие ги надминале сите мачења и страдања.

Но тука страдањата не престанале, бидејќи потоа тие биле со камења каменувани, а еден од мачителите Ликиниј, кога фрлил камен врз мачениците, нему каменот му се вратил врз лицето, и му ги здробил и искршил забите. Тогаш мачителот се налутил многу, и наредил мачениците да бидат фрлени во замрзнато езеро, бидејќи било зимно време. Но и од тоа мачениците не се исплашиле. За да ги натераат да се соблазнат, мачителите наспроти езерото направиле бања, со цел мачениците да се откажат од верата. Тогаш, за жал еден од мачениците се прелажал од сатаната, и излегол од езерото и влегол во бањата, во која се стопил, како восокот што се топи од огинот. Но еден од многумината стражари кои биле поставени да внимаваат на мачениците, за некој случајно да не излезе од водата, кога видел како од небото слегуваат четириесет венци,  кои застанале над главите на мачениците, а само еден венец  лебдел во воздухот, бидејќи бил наменет за оној кој се откажал и се стопил во бањата, тогаш стражарот скокнал во езерото и венецот слегол врз неговата глава. На тој начин бројката се изедначила, и повторно мачениците станале четириесет на број.

Утредента мачителите кои мислеле дека тие се веќе умрени, виделе дека се живи ги извадиле од езерото, и им ги прекршиле колената, како некогаш што им биле прекршени колената на двајцата разбојници кои биле распнати заедно со Христа, бидејќи се велело дека при такви мачења, кога ќе се прекршиле  колената, луѓето веднаш умирале.

Откако им ги прекршиле колената, мачениците биле фрлени во езерото, за христијаните да не можат да ги земат нивните свети тела (свети мошти), и чесно и достојно да ги погребаат.

Следната ноќ по Божја промисла на месниот епископ Петар, му било јавено во сон, заедно со клирот и верниот народ да оди и да ги соберат, од езерото, телата на мачениците, кои пливале во водата, и да ги погребат чесно и достојно. Ова како што кажавме се случило во 320 година, по раѓањето во тело на Христа нашиот Бог и Спасител.

И еве, браќа и сестри, на овие свети маченици, споменот им е запазен до ден денес, а исто така им се посветени и голем број на цркви и манастири, во целиот православен свет. Тука под православен ја подразбираме и западната црква, односно римокатолиците, бидејќи до 1054 година, Црквата беше една, и сите беа едноверни, а не поделени. Сите маченици до 1054 година, по Христовото раѓање, се слават во нашата света православна Црква, подеднакво како и оние кои се наоѓаат во источниот дел, во таканаречената источна Црква, која била под јуриздикција на Цариградската Патирјаршија.

Исто така, денеска се слават и Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици. За нив не би сакал многу да говорам, бидејќи вие многу добро знаете дека во тоа време нашата татковина Македонија, била нападната од Отоманската Империја. Отоманците ги освојувале сите земји на Билскиот Исток, а исто така и на Балканот. Меѓу првите земји кои биле освоени и поробени, за жал биле овие наши простори, бидејќи отоманците, односно муслиманите, не можеле веднаш да го освојат Цариград, кој конечно бил освоен во  1453 година. Тие после битката кај Марица, во 1371 година, продолжиле да го освојуваат Балканскиот Полуостров. Крали Марко , знаејќи дека на отоманците не може да им се даде отпор, бидејќи во борба со нив загинал неговиот татко Волкашин и чичко Углеша, тој прифатил да биде вазал на отоманците, со цел луѓето да не претрпат маки, насилства, убивања, давање данок, рушење на Црквите и.т.н.

На тој начин на Прилеп и прилепско биле поштедени, бидејќи се наоѓале во неговото кнежество, но битолчани, кои не се согласувале да не дадат отпор на Отоманската Империја претрпеле големи несреќи. После шест месеци откако Битола била освоена, се случиле големи насилства, во кои мажи биле убивани, жени и девојки силувани и.т.н. Па така, и овие Свети Четириесет Битолски Преподобномаченици, кои не се откажале од верата, а кои биле триесет и девет на број, биле подготвени да страдаат за Христа. Во житието се говори дека таму имало еден муслиман по име Хасан, кој преведувал при убедувањето на нашите триесет и девет монаси, од манастирот Свети Ѓорѓи, да се откажат од верата. Па така овој преведувач муслиманин, гледајќи ја силната вера на битолските монаси, одлучил да стане христијанин, и да пострада со нив за верата, и заедно да станат Четириесет Преподобномаченици. Тие пострадале, односно биле убиени, тука на оваа карпа, каде што вие палите свеќи.

Овие наши Битолски Преподобномаченици, заедно со оние во Севастија, кои во 320-та година пострадале за верата наша света православна, го прават хорот на мачениците, четириесет плус четириесет, во Царството Небесно.

Веднаш се поставува прашањето: Која беше силата што нив ги натерала во својата младост да ги жртвуваат своите животи? Силата, браќа и сестри, е Божјата сила, односно благодатта Божја која им се дава на христијаните преку светите тајни, но и преку подвизите и силната вера, за преку неа да поверуват и да се одлучат дека побитна од земната Татковина и од земниот град им е Небесната Татковина, Царството Небесно, Небесниот Ерусалим. Тие знаејќи дека таму владее вечноста, говореле во себе, што ќе ни е овој времен живот, зашто повторно ќе дојде време кога ќе умреме. Подобро сега за Христа да умреме, како што и Христос умре за нас, и го положи својот живот, распнувајќи се за нас и заради нашето спасение, и пролевајќи ја Својата света Крв, преку која не избави од гревот и смртта.

Затоа ние треба да му возвратиме со љубов на Христа, и заради нашето спасение и заради љубовта што Он ни ја дал со Своето распнување на Крст, за да не избави од гревот и смртта, и да не воведе во Царството Небесно. А во  Царството Небесно сите свети маченици Бог ги прославил заедно со нивните души и тела.

Свети апостол Павле, велел дека не живеел тој, туку дека живее Светиот Дух во него, дека Христос живее во него, дека Света Троица живее во него, па така и мачениците живеејќи за Христа и во Христа, од своите тела направиле храмови на Светиот Дух, и затоа нашата света Црква ги почитува и слави до денешен ден.

Црквата 17 векови ги слави Севастиските Четириесет маченици, а околу 7 векови Битолските Преподобномченици, откако тие ги положиле своите животи за на нас, православните христијани, да ни покажат пример дека и ние треба да ги жртвуваме своите животи за спасение на нашите души и тела.

Од нас во денешно време не се бара таква жртва, бидејќи никој денеска не нè принудува да го положиме својот живот за верата и татковината. Денеска од нас се бара, како што вели Светиот апостол Павле, секој ден да ги распнуваме нашите тела со страстите и похотите, односно да се откажуваме од грешни мисли, помисли и фантазии, од грешните желби, чувства и похоти, од грешните страсти и дела, од клевети, лаги, омраза, одмазда, и сè што е штетно за спасение на нашата душа. Ако го направиме ова браќа и сестри, ние ќе станеме современи маченици, бидејќи се бориме против поднебесните духови, а тоа се ѓаволите, односно ангелите на сатаната. Затоа да се помолиме на Светите Четириесет Севастиски и Четириесетте Преподобни Битолски маченици, за тие да измолат пред Христа нашиот Бог и Спасител, прошка за нашите гревови, просветлување на нашиот ум, очистување на нашите срца од секаква нечистотија, душевна, духовна и телесна, и по примерот на овие Божји угодници и нас да не удостои да го задобиеме и спечалиме Царството Небесно. Амин!

Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар

]]>
Четврток од Првата недела во Великиот пост http://www.pppe.mk/2024/chetvrtok-od-prvata-nedela-vo-velikiot-post-4/ Thu, 21 Mar 2024 11:15:51 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30905 ]]> На 21.03.2024 г., во Четвртокот од Првата недела во Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Големо повечерие со читање на последниот дел од Канонот на Свети Андреј Критски, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

]]>
Среда од Првата недела во Великиот пост http://www.pppe.mk/2024/sreda-od-prvata-nedela-vo-velikiot-post-5/ Wed, 20 Mar 2024 21:15:18 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30868 ]]> На 20.03.2024 г., во Средата од Првата недела во Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Големо повечерие со читање на третиот дел од Канонот на Свети Андреј Критски, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

(Аудио) «Со нас е Бог, разберете народи и покорете се, зашто со нас е Бог…»

]]>
Среда од Првата седмица во Великиот пост – Света Литургија на Претходноосветени Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола http://www.pppe.mk/2024/sreda-od-prvata-sedmitsa-vo-velikiot-post-sveta-liturgija-na-prethodnoosveteni-darovi-vo-soborniot-hram-sveti-velikomachenik-dimitrij-vo-bitola-5/ Wed, 20 Mar 2024 20:44:55 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30857 ]]> На 20.03.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светите Седум Херсонски свештеномаченици: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски и протоѓаконот Ѓорѓи Делев, благоволи да отслужи Света Литургија на Претходно осветените Дарови во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вечни векови“.

Овие молитвени зборови од молитвата на Свети Ефрем Сирин, ние постојано ги повторуваме во Велигденскиот пост, со цел да нè потсетуваат на тоа дека ние постојано забораваме да ги гледаме нашите согрешенија, гревови, престапи и однесувања, кон, браќата и сестрите, од една страна, а од друга страна, и да не ги осудуваме, браќата и сестрите. Поради тоа, нашата Света Православна Црква, како грижлива мајка, во Велигденскиот пост на светите богослужби, постојано нè поттикнува да размислуваме на овие зборови.

Имено, во Стариот Завет се вели дека судот му припаѓа исклучиво само на Бога. Судот не им прилега на луѓето т.е. тие самите да судат и пресудуваат за гревовите, престапите и однесувањата на луѓето, туку на Бога, Кој суди и пресудува.

Па токму заради тоа, кога ние се наоѓаме во постот, најмногу треба да размислуваме за тоа како се однесуваме т.е. дали размислуваме за нашите постапки, за нашите гревови, дали се вдлабочуваме во нашата гревовни состојби, дали се каеме за направените гревови и дали воопшто се трудиме да се поправиме. Човек не е доволно само да признае дека згрешил, туку покрај признавањето, должен е да покаже и плодови на покајание, а плодовите на покајание не се ништо друго, освен да направиме спротивни, добри дела, на направените гревови т.е. ако сме лажеле, никогаш повеќе да не лажеме и секогаш да ја говориме вистината, во секое време и на секое место, ако сме краделе, да го вратиме украденото, од оној од кого сме го украле, или ако, пак, не можеме нему да му го вратиме, да дадеме на сираци, сиромаси, вдовици, болни или во храмот, и.т.н.

Ако ние ги мразиме браќата, во постот треба да практикуваме колку е можно повеќе љубов да покажеме кон ближниот, а наш ближен е секој човек, но не само кон ближните, туку и кон непријателите, а за тоа имаме пример од Самиот наш Спасител Господ Исус Христос, Кој кога беше на Крстот во најстрашните маки, се помоли за оние што Го распнаа, со зборовите: „Прости им Отче, зашто незнаат што прават“ (сп. Лука 23, 34).

Па така, браќа и сестри, знаејќи дека ние сме грешни, не треба никого да осудуваме, бидејќи Христос нашиот Бог и Спасител вели: „Со каков суд судите, со таков ќе ви се суди“ (сп. Мат. 2, 7).

Светиот апостол Павле, пак, вели: „Никој не знае што е во човекот, освен духот што живее во него“. Па од таму, ние кога донесуваме суд, според нашето убедување или според тоа што другите кажале за некого, тоа значи дека ние погрешно расудуваме и ги осудуваме своите, браќа и сестри.

Светиот Јован Савин раскажува за еден настан како кај него дошол еден монах,  кој му кажал дека од него бара да се помоли за него, а тој го прашал: „Како се отците во нивниот манастир?“, овој му рекол: „Добри се сите по твоите молитви отче“. Понатаму прашал исто така и за некој монах, кој бил непоправлив, дали тој се поправил или не, а монахот му кажал дека не се поправил. Веднаш потоа имал едно видение како тој се наоѓа на Голгота пред Христа нашиот Бог и Спасител, каде што е распнат меѓу двајца разбојници, па кога сакал да Му се поклони на Христа нашиот Бог и Спасите, Господ им рекол на Ангелите, кои биле присутни: „Отргнете го него од тука, тој не може да Ми се поклони, зашто го осуди својот брат, уште пред Јас да го осудам“.

Што значи, ние не смееме никого да осудиме, зашто судот не е наш, туку Божји. Ние можеме да се осудуваме само себеси, но не и нашите, браќа и сестри, бидејќи ние не знаеме дали нашиот брат претходно се исповедал и ги кажал своите гревови и му е простено од Бога, како што е случајот со оној разбојник од десната страна на Христа нашиот Бог и Спасител, кој побарал прошка за гревовите, кога Му се обратил до Христа со зборовите: „Спомни си за мене Господи, кога ќе дојдеш во Царството Твое“, Господ му рекол: „Уште денес со Мене ќе бидеш во рајот“ (сп. Лука 23, 42).

Гледате тука станува збор за еден разбојник, кој цел живот живеел разбојнички живот, но во последниот миг од својот живот побарал прошка од Христа нашиот Бог и Спасител и Господ му простил и влегол во Царството Небесно. Кога ние мислиме дека сме подобри, почесни, поискрени и подостојни од другите, тогаш ние веќе на ум ја имаме мислата на сатаната, кој се возгордеал и посакал да го постави својот престол горе над ѕвездите на север и таму да живее. Гордоста е големиот и најстрашниот грев, кој уште се нарекува мајката на сите гревови. Ете, затоа сатаната беше турнат од небесата, во поднебесните простори. Па така, браќа и сестри, ние тука на земјата, не се бориме против тело и крв, туку против поднебесните духовни на злобата, а тоа е сатаната со неговите ангели (демоните).

Исто така, не треба да заборавиме дека верните, го сочинуваат Телото Христово, а тоа е всушност Светата Тајна Евхаристија (Причесната).

Па така, ние ако во Црквата Христова, не се исповедаме, не бараме прошка за нашите гревови, не даваме достојни плодови за покајание, како што Христос им укажува на книжниците и фарисеите и ги споредува со породи аспидини, бидејќи формално ја исповедале верата во Христа нашиот Бог и Спасител, тогаш ние сме далеку од Бога. За истото ова укажува и Светиот пророк Исаија во Стариот Завет, кој вели: „Волот го познава Својот Господар и. магарето јаслите на Господарот Свој,. а Израил народот Мој, не знае за Мене“. (сп. Ис.1, 3).

Затоа, браќа и сестри, ние не треба некого да осудуваме, туку да се самоосудуваме за нашата гревовна состојба. Исто така ние треба и да ги проверуваме духовите, дали тие се од Бога, како што вели Свети апостол Петар. Ние треба постојано да се проверуваме дали сме на правиот и вистински пат со нашето однесување.

Свети Серафим Саровски, кој живеел пред два века, кога дошол во пустината и видел еден дојденец, не знаејќи кој е тој човек, паднал пред неговите нозе и му се поклонил како на Бога, велејќи му: „Ти си создание Божјо, кој го носиш во себе ликот (образот) и подобието Божјо. Светите Отци, го гледале во своите посетители образот Божји. Па така, кога ќе дојде некој сиромав на нашата порта, ние во нето треба да Го видиме Самиот Христос, нашиот Бог и Спасител, Кој што рекол: „Ако гладен нахраните, жеден напоите, необлечен облечете, во затвор и болница посетите болен и ако нажален утешите, знајте дека тоа мене сте ми го направиле“. Што значи, ние во сите, браќа и сестри, треба да Го гледаме Самиот Христос нашиот Бог и Спасител.

Ќе споменеме еден пример со еден човек, кој се сожалил на некој сиромав човек, кој се тресел од студ, па овој го слекол својот капут и му го дал нему, но по извесно време дознал дека неговиот капут е продаден на друг човек, па си рекол: „Зошто му ја дадов облеката на овој човек, кога тој еве ја продал“. Тогаш Му се јавил Христос Спасителот, облечен токму во таа облека, која тој му ја дал на тој сиромав човек и му рекол: „Еве ја облеката, Јас ја примив“. Што значи, кога ние правиме во Христово име добро на некого, знајте дека на Христа Му правиме добро, зашто во Него, според Христовите зборови, Го гледаме Христа нашиот Бог и Спасител, Кој заради нас слегол од небесата, се воплотил и станал човек.

Па затоа, браќа и сестри, ние сме должни повеќе да гледаме на нашите гревови и прегрешенија т.е. на сè она грешно што сме направиле и да бараме прошка за нашите гревови и да не го осудуваме нашиот брат, како што вели во молитвата на Свети Ефрем Сирин.

Имено, ние честопати ги осудуваме луѓето, не заради нешто друго, туку за да покажеме дека ние сме од нив подобри, попаметни, поучени, поспособни, почесни, подостојни и.т.н. Свети апостол Павле, пак, вели дека е првиот меѓу грешните. Кога се причестуваме, ние ја читаме молитвата во која се говори: „Јас сум првиот меѓу грешните“. Ако било кој од нас, не се чувствува како најгрешен од сите грешни, не треба да пристапи кон Причесната и да ја прими, како што денес ја примивме Причесната на оваа предосветена Литургија.

Оваа Литургија, е всушност вечерна Богослужба, која се служи за верните да не останат без заедницата со Бога Троичниот, Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Црквата Христова, во овој Велигденски пост, не ги лишува верниците, туку во средите и петоците на овие Божествени Литургии, именувани Предосветени Литургии, им ја дава Причесната, за да се соединат со Христа нашиот Бог и Спасител, ама постиме од литургии.

Затоа, браќа и сестри, да се помолиме на Светиот Јован, Пророк, Претеча и Крстител, на кого денес споменот му го празнуваме, а тоа е наоѓањето на неговите Свети мошти. Како што слушнавме во денешното Свето Евангелие, Свети Јован, е наречен најголем човек роден од жена. Нема поголем од Свети Јована Крстител, кој како ангел Божји дошол во тело, за да го подготви патот за проповедта на Христа нашиот Бог и Спасител.

Затоа Господ Исус Христос вели: „Што сте дошле да видите, трска ли што се лула или човек облечен во меки алишта, тие што се облекуваат во меки алишта, се во палатите и царските куќи“ (сп. Мат 11, 9).

Понатаму вели: „Пророк ли сте дошле да видите? Да и повеќе од пророк!“ (сп. Мат. 11, 9). Свети Јован Крстител, е најголемиот старозаветен пророк, но и последниот пророк, кој што пророкувал за доаѓањето на Христа нашиот Бог и Спасител.

Па така, браќа и сестри, имајќи го предвид она што го кажал Свети Јован Крстител, почнувајќи ја својата проповед со зборовите: „Покајте се зашто се приближи Царството Небесно“ (сп. Мат. 3, 2), да не заборавиме дека и Христос нашиот Бог и Спасител, со истите зборови ја започнува својата проповед за спасение на човечкиот род: „Покајте се зашто се приближи Царството Небесно“ (сп. Мат. 4, 17). Амин!

Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар

]]>
Вторник од Првата недела во Великиот пост http://www.pppe.mk/2024/vtornik-od-prvata-nedela-vo-velikiot-post-5/ Tue, 19 Mar 2024 20:49:53 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30844 ]]> На 19.03.2024 г., во Вторникот од Првата недела во Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Големо повечерие со читање на вториот дел од Канонот на Свети Андреј Критски, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

]]>
Понеделник од Првата недела во Великиот пост http://www.pppe.mk/2024/ponedelnik-od-prvata-nedela-vo-velikiot-post-5/ Tue, 19 Mar 2024 16:07:21 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30841 ]]> На 18.03.2024 г., во Понеделникот од Првата недела во Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Големо повечерие со читање на Канонот на Свети Андреј Критски, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

]]>
Архиерејска Вечерна со Чин на простување во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола http://www.pppe.mk/2024/arhierejska-vecherna-so-chin-na-prostuvane-vo-soborniot-hram-sveti-velikomachenik-dimitrij-vo-bitola-6/ Tue, 19 Mar 2024 15:30:49 +0000 http://www.pppe.mk/?p=30834 ]]> На 17.02.2024 година,  во Неделата на простувањето – Прочка, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар во сослужение на свештенствотот од Битолското архиерејско намесништво, отслужи Вечерна богослужба со Чинот на простување, во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.

]]>