Како се раѓа гревот во душата на човекот – Старец Даниил Катунакски

Старец Даниил се сеќава на зборовите на преподобен Никодим Светогорец, за тоа, како се раѓа гревот во душата на човекот.

„Како се раѓа гревот?“ Свети Никодим Светогорец говори: „Гревот се раѓа само од една помисла, а веднаш потоа следува соединување со него“. Кога грешиме, ние често говориме: „Ништо страшно, ќе се обидам само еднаш“, но тогаш всушност се случува согласување со гревот, после кое настапува заробеништво. Гревот, тогаш станува наша втора природа, и ние самите се идентификуваме со гревот. Затоа Свети Никодим Светогорец таа состојба ја нарекува „мраволав“, односно, лав – мравка. Какво е тоа животно? Напред лав, а назад мравка? Не! Ќе ви објаснам: доаѓа мала помисла, која е како мравка, и од нејзе можеме веднаш да се ослободиме, но после некое време, таа помисла – станува наша втора природа, односно лав кој може да не раскине на парчиња. Запомнете, од мравката можеме сами да се ослободиме, но лавот не, бидејќи тој е посилен и може да нè раскине.

Како се појавува страста? Страста се појавува од ништо, од помислата. Во псалтирот се говори: „Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата“ (Псал. 100, 8). Светите Отци, овој стих го толкуваат на следниов начин: „сите грешници“ – тоа се помислите, „од утрото јас ги отстранив од себеси сите помисли“, – раскажува отец Даниил.

„Зошто ние постојано паѓаме во еден и ист грев­?“ Ние паѓаме во грев, затоа што сме луѓе. Кога ќе паднеме, треба да станеме, а Бог ќе не прими преку Својата благодат. Ние не треба да го губиме најважното нешто во нашиот живот – а тоа е, нашето време, односно времето во кое ние се отдаваме на ѓаволот.

Ако сме паднале, треба да станеме. Ние постојано треба да говориме: „Треба да станам, да отидам кај духовникот на исповед и да се покајам“.

Отец Даниил говори и за тоа, колку време е потребно за да се покаеме.

„10 години – мноу; 5 години – многу; 1 година – многу; 5 дена – многу; 1 ден – многу; 1 час, и тоа е многу. Потребна е само решеноста да не грешиме и молитвата на разбојникот: „Боже, спомни си за мене грешниот! Ете, колку бргу доаѓа покајанието. Со една помисла паѓаме, и со една помисла стануваме, бидејќи Бог ни помага да станеме.

Зошто ние се предаваме на тиранијата на ѓаволот? Спомнете си, како во бањата Господ го прашал раслабениот? „Сакаш ли да бидеш здрав?“ Он му одговорил: „Немам човек“. Господ стана човек, за да ни помогни“, – говори еден монах.

Што ни помага, за да се подигнеме во духовниот живот? Нам ни помага молитвата, и затоа ние повикуваме кон Светиот Дух: „Господи, спаси ги нашите души!“ Овие зборови, ние ги повторуваме во секој тропар и во секоја стихира кога пееме: „Спаси ги нашите души, спаси нè нас Боже“. Ова е основата на нашата молитва и на нашите прозби. Душата – е основата на човекот, таа е неговиот живот, таа е неговата личност, и само тука и сега, ние можеме да добиеме благодат. Бог ни дава сè, според Неговата благодат. Без нејзе, ништо добро не може да се случи во нашиот живот.

Старец Даниил Катунакски

Извор: https://pravlife.org