Daily Archives: 15/08/2017

181313.p

Последните дни на старец Софрониј Сахаров (†11 јули, 1993 г.)

Дојдов да го посетам отец Софрониј две недели пред смртта. Во тоа време, градевме крипта за погребение на монаси, и секако, отец Софрониј требаше да биде таму прв. Ѕидовите и покривот беа готови, но под нозете беше гола земја, затоа што немаше под. Кога ме испраќаше до вратата, погледна на криптата и праша: „Уште колку време треба за да се заврши?“ Јас одговорив: „Претпоставувам отче, уште две недели“. Тој одговори: „Тешко ми е да чекам дури и еден час: сè му кажав на Господ! Сега треба да си заминам“. Веројатно е прекрасно – да чувствуваш во своето срце, дека сè си му кажал на Господ до крај, и дека си спремен да заминеш. Јас имам чувство, како никогаш да не сум разговарал со Господ.