Гороцвет – Св. Марија Магдалина

empty tomb

Лудост беше истерана
кога до премудрост се допре,
слобода беше подарена
кога блиску до вистина се најде.

Бесмртност заработи
кога воскресение посведочи,
о, мајко Марие
исповедничке на православие.

Наука изучи
кога Премудроста пред тебе се преточи,
демони не издржаа
под светлина не се разбудија.

О, мајко Марие
твојата топла рака и денес нè допре.

Рамноапостолна постана
и никој преку тебе без Евангелие не остана,
душата за Вистината ја оневести
патот на Спасението го покажа.

О, мајко Марие
и денес пред тебе припаѓаме.

Не одлета со ангелите
туку на земјава остана
нè возљуби нас сираците
воскресение и денес твојата уста повикува.

Алова е крвта човекова
жестока е борбата за неговата душа,
црвен е пламенот на мачеништвото
но бело е знамето победоносно.

Христос воскресе !
во вселената протатне
спасение ни донесе
пат преку тебе ни отвори
по твоите молитви
чистејќи ги нашите гревови.

slika

(Од збирката богољубива поезија „Манастирски води“, на сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)